На 4 ноември 2026 година се одржа Општинскиот натпревар во стрелаштво за учениците од основните и средните училишта во Битола, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт – Битола, во соработка со ГСК „Пелистер“.
На натпреварот учествуваа ученици кои се натпреваруваа во женска и машка конкуренција, а беа постигнати следните резултати:





Основни училишта
Во женска конкуренција:
- Надја Атанасовска – ОУ „Св. Климент Охридски“ (66 поени)
- Тамара Русевска – ОУ „Трифун Пановски“ (66 поени)
- Инес Наумовска – ОУ „Св. Климент Охридски“ (53 поени)
Во машка конкуренција:
- Никола Кукановски – ОУ „Елпида Караманди“ (80 поени)
- Димитар Каровски – ОУ „Тодор Ангелевски“ (76 поени)
- Христијан Јовановски – ОУ „Св. Климент Охридски“ (74 поени)
Средни училишта
Во женска конкуренција:
- Антонија Гајтановска – СОУ „Д-р Јован Калаузи“ (77 поени)
- Елена Грујевска – СОУ „Таки Даскало“ (67 поени)
- Јована Трајковска – СОУ „Јосип Броз Тито“ (61 поен)
Во машка конкуренција:
- Андреј Вељаноски – СОУ „Јане Сандански“ (90 поени)
- Вања Арсиќ – СОУ „Јосип Броз Тито“ (87 поени)
- Даниел Митревски – СОУ „САБА“ (85 поени)





Натпреварот беше можност младите да ги покажат својата прецизност, концентрација и спортски дух. Делегат на натпреварот од Општинскиот сојуз на училишен спорт беше Михајло Трампески.
4 Ноември – поголема автономија, значи поголема одговорност
Има разлика меѓу 4 ноември и 4 Ноември – првото е дата …
Ракотворството ги обединува различностите – успешно реализиран проектот на „Македонски ракотворби“ од Битола
Со обединување, едукација и промовирање на ракотворците од различна етничка припадност, проектот …







