Кога љубовта кон моторите ќе се спои со талент, храброст и огромна посветеност, се раѓаат шампиони. Еден од нив е Стефан Ѓоргиевски, млад битолски мотокрос возач кој со своите резултати веќе остави значаен белег во македонскиот мотокрос.

Стефан е шампион на Македонија во класата MX85, а зад себе веќе има повеќе освоени шампионски титули. Секоја трка за него е нов предизвик. Брзината, концентрацијата и храброста на мотокрос патеката се резултат на многу тренинзи, откажувања и часови вложени во усовршување.

Но, најважно од сè – на секоја трка Стефан го покажува својот борбен дух и желбата секогаш да биде подобар.

Покрај моторот и трките, Стефан е и ученик во деветто одделение во ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Успешно ги усогласува училишните обврски со напорниот спортски ритам, што дополнително ја покажува неговата дисциплина и посветеност.

Повеќекратен шампион, млад спортист и голема надеж на македонскиот мотокрос. Неговата приказна допрва се пишува, а секоја нова трка носи можност за уште една победа. Од Битола до македонските мотокрос патеки – Стефан Ѓоргиевски продолжува да вози кон нови шампионски височини.

И можеби најубавото допрва следува…







