ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.
Во првата фаза, теренските екипи ќе работат во три подрачја во Битола: Долно Оризари, Буковски Ливади и Стара Битолска Чаршија.
Од ЈКП „Водовод“ ги повикуваат корисниците од овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите, како и, доколку е потребно, да бидат достапни за проверка и усогласување на корисничките податоци.
Акцијата ќе се спроведува етапно и во останатите региони, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.
Од јавното претпријатие упатуваат благодарност до граѓаните за соработката, со цел подобрување на евиденцијата и обезбедување посигурно и поквалитетно водоснабдување.









