kineski fes

Битола од 5 до 8 октомври 2026 година ќе биде домаќин на првиот Фестивал на кинески филм, кој ќе се одржи во НУ Центар за култура Битола.

Македонската публика за првпат ќе има можност поблиску да се запознае со современата кинеска кинематографија преку осум филмови што носат различни приказни, жанрови и теми. Програмата опфаќа современи драми, анимација, фантастични авантури, но и филмови инспирирани од богатата кинеска култура и традиција.

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 5 октомври во 20:00 часот во Големата сала на Центарот за култура, со проекцијата на филмот „The Sun Rises on Us All“, во режија на Цаи Шангџун. Филмот ги следи животите на обични луѓе, нивните лични избори, човечки односи и животни предизвици, отворајќи прашања за емотивните искуства и внатрешните промени.

Во рамките на фестивалот, на 6 октомври ќе бидат прикажани анимираниот „Fall Into the Mortal World“ и драмата „The Coffin Painter“, додека на 7 октомври публиката ќе може да ги погледне „Monster Hunt 1“ и „When the Night Meets Light“.

Последниот фестивалски ден, 8 октомври, носи три проекции – „Monster Hunt 2“, „Like a Rolling Stone“ и „24 Flavours“, со што програмата ќе понуди содржини за различни вкусови и генерации.

Посетителите ќе имаат можност бесплатно да ги проследат филмовите, што е дел од првата соработка со фестивалот и дополнителна можност за битолската публика да открие дел од современата кинеска филмска продукција.

Програма:

05.10. | 20:00 | Голема сала
„The Sun Rises on Us All“

06.10. | Мала сала
11:00 – „Fall Into the Mortal World“
20:00 – „The Coffin Painter“

07.10. | Мала сала
11:00 – „Monster Hunt 1“
20:00 – „When the Night Meets Light“

08.10. | Мала сала
11:00 – „Monster Hunt 2“
19:00 – „Like a Rolling Stone“
21:00 – „24 Flavours“

Влезот за сите проекции е бесплатен.

плакат
ЈКП „Водовод“ започнува теренска проверка на водомерите и податоците за корисниците
ЈКП „Водовод“ – Битола започнува со организирана теренска акција за проверка и …
Deep Purple на 11 октомври во Скопје – последна средба со рок легендите
Љубителите на рок музиката во Македонија ќе имаат можност да ги проследат …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…