На покана од реномираниот грчки кошаркарски клуб Edessaikos BC од Воден, младите кошаркари и кошаркарки на КК „Младост“ од Битола гостуваат во соседна Грција, каде што во спортската сала „DAK Edessa“ ќе одиграат неколку пријателски натпревари во повеќе старосни категории.
Натпреварите ќе се одиграат според следниот распоред:
- 10:00 часот – играчи родени 2016/2017 година
- 11:30 часот – играчи родени 2015/2016 година
- 13:00 часот – играчи родени 2014 година
За младите надежи на битолскиот клуб ова ќе биде второ гостување во соседна Грција. Претходно, овие категории на КК „Младост“ одиграа неколку пријателски натпревари во Солун, со што продолжува практиката на клубот преку меѓународни средби да им овозможува на младите кошаркари дополнително искуство и натпреварувачки предизвици.

Пред заминувањето, тренерот на КК „Младост“, Горјан Стојановски, истакна дека гостувањето претставува уште една можност младите кошаркари да се соочат со квалитетна конкуренција.
„По втор пат одиме на натпревари со екипа која потекнува од држава со многу квалитетна кошарка. Се надевам дека достојно ќе се претставиме на овие натпревари“, изјави Стојановски.

Гостувањето во Воден ќе биде уште една можност младите членови на КК „Младост“ да стекнат ново искуство и да ги одмерат силите со своите врсници од Грција.







