IMG 20260714 133859

На 27.06.2026 во Подгорица, на платото пред замокот Петровиќ, се одржа регионалниот моден настан „Модни мостови на Балканот“. Станува збор за настан што собра истакнати дизајнери од шест земји од регионот. Публиката имаше можност да види шест модни ревии од реномираните дизајнери: Никола Петровски (Македонија), Каја Хроват (Словенија), ХААД (БиХ), Ивица Скоко (Хрватска), Драгана Огњеновиќ (Србија) и Наташа Пејовиќ (Црна Гора). Настанот беше дел од прославата на 20 години независност на Црна Гора, која преку мода, креативност и соработка дополнително ги зајакнува културните врски во регионот.

Битолскиот дизајнер Никола Петровски беше македонскиот претставник кој со колекцијата за пролет-лето 2026  насловена „Вода“ го одбележа и својот јубилеј 30 години модно творештво.

Messenger creation A48018D5 633C 4292 99E4 12DAD59EBE90

Се работи за летна колекција инспирирана од водата. Водата како дожд, како река, како море… Водата како здравје, како лек за душа…

Колекцијата се состои од женски и машки модели изработени пред се од различни природни материјали, памук, памук со ликра, лен, вискоза, а се наштампани со различни апстрахирани „водени“ дезени, како и со сино бели линии како асоцијација на море… Дел од искористените материјали се остатоци од претходни колекции, носејќи го духот од триесетте години креативна работа… Истиот крој е искористен за повеќе модели изработени од различни материјали за да се добијат различни изгледи со различно движење…

Овој уникатен моден спектакл на отворено беше организиран од агенцијата Медиа Консалтинг со поддршка на главниот град Подгорица, Туристичката организација на Подгорица и Секретаријатот за култура и спорт.


Оливера Милачиќ, сопственичка на агенцијата „Медиа консалтинг“, која е организатор на настанот, во својот воведен говор рече дека „не е важно од колку мала земја доаѓате, туку колку големо срце имате за она што го создавате“.

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии
Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има …
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет?
Имаш ли понекогаш чувство дека не се вклопуваш во овој свет? Не …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…