veluska tumba
DCIM100MEDIADJI_0239.JPG

Неодамна завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Истражувањата се спроведуваат во соработка меѓу Н.У. „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, а во нив учествуваат и Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел, преку кои се изведуваат археоботанички и радиокарбонски анализи.

Раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов, а кораководител е вишиот кустос Јасмина Гулевска, додека археоботаничките анализи се реализираат во координација меѓу д-р Феран Антолин и д-р Амалија Сабанов.

Во текот на истражувањата се добија значајни податоци за архитектурата, материјалната култура, стопанството и обредите на заедницата што ја основала оваа неолитска населба. Таа функционирала континуирано во текот на неколку стотици години, на почетокот на шестиот милениум пред нашата ера, односно пред околу 8.000 години. Со текот на времето, врз старите куќи се граделе нови, при што се формирала тумба висока околу четири метри.

veluska tumba 3

Во овие архитектонски слоеви се регистрирани остатоци од десетина објекти градени еден врз друг, а во текот на овогодишните истражувања се работеше на еден од нив. Притоа беа откриени подови и ѕидови од живеалишта, глинени структури, керамички садови и голем број мелници за обработка на житото што се одгледувало во нивите околу тумбата.

Особено интересен куриозитет од истражувањата претставуваат два специфични контексти од архитектонски и ритуален карактер. Во рамките на Градба 13 беа откриени две големи неолитски печки за леб, со аплицирани глинени сандаци за мелење на житото и месење на тестото. Со оглед на нивните димензии, тие претставуваат едни од најголемите неолитски печки досега откриени во Европа. Поради нивната исклучителна вредност, но и поради нивната кршливост, неопходна е нивна конзервација и заштита.

veluska tumba 2
DCIM100MEDIADJI_0209.JPG

Врз едната од овие печки беше откриена правоаголна структура, во чиј јужен агол било погребано новороденче, положено во превртен керамички сад. Овој обред е мошне редок меѓу неолитските заедници во Европа и има значајна улога во симболичката врска и идентификација меѓу печката, куќата и садот со човечкото тело и животот.

Покрај печките беа пронајдени дваесетина керамички садови користени за готвење и консумирање храна, а дел од нив се декорирани со специфични бели орнаменти и имале репрезентативен, односно церемонијален карактер.

veluska tumba 4

Во текот на истражувањата беа пронајдени и остатоци од жртвеници, модели на куќи и фигурини, што сведочи за симболичките претстави на првите земјоделци во Пелагонија. Триесетината камени мелници, како и алатките од кремен и коска, укажуваат на дел од стопанските активности на ова неолитско население.

Покрај стандардните археолошки ископувања, беа прибрани и примероци за радиокарбонски, археоботанички и геоархеолошки анализи. Тие ќе овозможат прецизно датирање на локалитетот во сите негови фази, како и темелен увид во исхраната, домашните активности, климата и природните особености што ја карактеризирале оваа населба и нејзината околина.

Во моментот се подготвуваат неколку научни трудови со резултатите од истражувањата, кои ќе бидат објавени во македонски и европски научни списанија. На тој начин ќе се придонесе за поширока меѓународна афирмација на овој значаен неолитски локалитет.

Теренските истражувања на Велушка Тумба се финансиски поддржани од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, додека лабораториските анализи се финансирани од Германскиот археолошки институт.

Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …
Како да ги поттикнете децата редовно да ги мијат забите?
Редовното миење на заби е основен чекор за одржување на доброто орално …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…