Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како и пијанистката Татјана Божиновска, на 18 јуни 2026 година ќе одржи концерт во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
На програмата се дела од Гери Шокер (G. Shocker), Андреј Рубцов (A. Rubtsov), Жан-Мишел Дамаз (J. M. Damase) и македонскиот композитор Марко Виденовиќ, кои на публиката ќе ѝ понудат богат и стилски разновиден музички доживувај.
Со овој настап триото ја продолжува својата активна концертна дејност, придонесувајќи кон развојот и афирмацијата на камерната музика, како и кон промоцијата на современото македонско музичко творештво.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

За да се работи со деца, децата треба да се сакаат – Зад секој голем човек стои голем учител!
„Зад секој голем човек стои голем учител!“ Најблагородната професија во светот е …
Држете се настрана од негативните луѓе – уништуваат сè околу себе
Дали често морате да „се занимавате“ со луѓе кои се постојано негативни? …








