Baltasar Gracian 21772.jpg 1306973099

Големите луѓе зависат од времето. Не можеле сите да се најдат во она време што го заслужиле, а многумина, се нашле, но немале кога да го искористат. Некои беа достојни за подобар век бидејќи секое добро не се слави секогаш. Сѐ има свое време, па и најдобрите доблести ѝ се потчинети на модата.Сепак, мудрецот има предност: тој е бесмртен, па ако овој не е негов век, негови ќе бидат многу идни векови.

За среќата постојат правила, бидејќи за паметниот човек сѐ не е составено од случајности. Трудот може да ѝ помогне на среќата. Некои се задоволуваат со тоа добродушно да станат пред вратата на божицата на среќата и да чекаат додека не им се отвори. Другите, подобрите, се стремат напред и се служат со својата разумна смелост за, врз крилјата на нејзината вредност и храброст, да дојдат до божицатау да ја добијат нејзината милост. Но, правилно размислувајќи, нема друг пат освен патот на добродетелта и на претпазливоста бидејќи секој има токму толку среќа инесреќа колку што има ум и безумие.

Праведниот секогаш стои на страната на вистината толку цврсто што ни страста, ни толпата, ни моќата на деспотот не можат да го натераат да ја премине границата на правичноста. Но кој е тој феник на праведноста? Навистина, правдата има малку приврзаници. Многумина ја фалат, но не за својата куќа, Други одат по неа додек ауште не е опасно, потоа превртливците се откажуваат од неа, а политичарите ја исмеваат. Бидејќи таа не знае за никакви обзири, па дури и да се судри со пријателство, со силата или со својата сопствена полза; а токму тука и лежи опасноста да се одметнеме од неа, како што се одметнуваат превртливците под изговор дека не би сакале да им стојат на патот на намерите повисоки од нив или на државната правда. Но стабилниот човек секое преправање го смета за еден вид измама; тој секогаш се наоѓа таму каде што е вистината, па и ако отпадне од некоја партија, тоа не е поради неговото премислување туку поради непостојаното и несигурното постапување на партијата која, уште пред тоа, се откажала од вистината.

Остроумен поглед и остроумен суд:  Оној што е надарен со нив, им станува господар на работите, а не тие нему. Тој знае да ја пронајде најголемата длабочина и анатомски да ги раздвои најсовршените способности на една глава. Само што ќе го види човекот, веднаш го разбира и донесува суд за неговата најдлабока интима. Тој прецизно разгледува и мајсторски умее да го одгатне и најскриеното во неговата внатрешност. Тој посматра остроумно, сфаќа темелно, оценува правилно: сѐ открива, гледа, разбира и расудува.

Балтазар Грасијан (1601-1658) бил шпански језуит, писател и философ со необично богат дух; афористичар. Критичар на државните и на црковните пороци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…