На 20 јуни 2026 година во Битола ќе биде претставена платформата „Жена во движење“ – иницијатива посветена на жените, нивното здравје, движење, личен развој, ментална издржливост и меѓусебна поддршка. Настанот е дел од женската ноќна трка „Биди Своја“, но ќе се одржи во текот на денот, поточно во сабота на пладне (12:00 часот) во Хотел Бела Куќа и ќе ги собере жените кои сакаат да се информираат, инспирираат и поврзат преку теми што се важни за секојдневниот живот.

Имено, платформата „Жена во движење“ под мотото „Движи се. Расти. Блескај.“ ја испраќа пораката дека секој чекор е движење кон себе, кон подобро здравје, поголема самодоверба, внатрешна сила и поавтентичен живот. Идејата на „Жена во движење“ е да создаде простор во кој жените од различни генерации, професии и животни приказни ќе можат да се сретнат, да разменат искуства и да најдат поддршка во заедница што ги разбира нивните предизвици.

Преку разговори за женското здравје, физичката активност, менталната стабилност, личниот раст и важноста на поддршката, настанот има цел да ја отвори темата за жената како личност која постојано се движи низ различни улоги – мајка, партнерка, професионалка, претприемачка, спортистка, креаторка, негувателка и лидерка.
На настанот ќе говорат жени коишто имаат што да споделат, а тоа се:·
- Сунчица Арсовска – претприемачка, спортистка и иницијаторка на платформата „Жена во движење“·
- Д-р Виолета Николов – специјалист гинеколог·
- Маја Атанасовска – фитнес тренер и организаторка на женската трка „Биди своја“·
- Биљана Атанасовска – психолог
Настанот е наменет за сите жени – жени во период на промена, жени кои ја обновуваат самодовербата, активни и професионални жени, жени кои се враќаат кон себе, како и жени кои бараат поздрав, посвесен и побалансиран начин на живот.
Пораката е едноставна: ниту една жена не треба да се движи сама.„Жена во движење“ не е замислена само како еднократен настан, туку како платформа за долгорочно поврзување и развој. Таа е создадена од реални животни искуства, автентични приказни и потребата жените да имаат простор каде што ќе бидат видени, слушнати и охрабрени. Во фокусот не е совршенството, туку реалната жена – онаа што се соочува со предизвици, бара баланс, продолжува напред и повторно ја гради својата сила.
Платформата го разбира движењето во најширока смисла: како физичка активност, но и како промена, раст, работа на себе, надминување на тешкотии и градење нови можности. Трчање, пешачење, искачување, создавање, паѓање и повторно станување – сите овие моменти се дел од животното движење кое ја инспирира оваа иницијатива.
Платформата се фокусира на:·
- движење и активен начин на живот;·
- грижа за физичкото и женското здравје;·
- ментална издржливост и психолошка поддршка;· личен развој и самодоверба;·
- едукација и инспирација;·
- видливост на реални женски приказни;·
- заедништво и долгорочно градење на женска заедница.
„Жена во движење“ во иднина ќе обликуваа и ќе се развива преку настани, панели, работилници, активности поврзани со движење, storytelling искуства, дигитални кампањи, едукативни содржини, партнерства и иницијативи што ќе придонесат за долгорочно градење на заедница. Визијата е преку заеднички раст да се создаде влијание кое ќе ги охрабри жените да живеат поактивно, посвесно и послободно.„Жена во движење“ е покана за будење на силата, создавање на поврзаност и градење на здрава, свесна и инспирирана заедница на жени. Движењето менува сè, а секое движење започнува со еден чекор.
Настан: „Жена во движење“
Датум: 20.06.2026
Време: 12:00 часот
Локација: Хотел Бела Куќа, Битола
Мото: Движи се. Расти. Блескај. Во тебе е клучот!
Линк за пријава: https://dekonus.com/zhena-vo-dvizhenje/#prijava
Кога лојалноста преминува во слугување по секоја цена, тогаш нема ни Л од лојалностЛојалноста е важна компонента на секој бизнис. Не само што ви требаат …Негативното влијание на екраните врз здравјето на децата – како влијае врз нивниот сонТехнологијата денес е подостапна за децата од кога било досега. Нема дом …








