krste blagoec

Многу луѓе оваа година ме прашуваат за празникот Благовештение – прашуваат дали се чека именден/слава, на кој начин се слави и што е дозволено во однос на храна.

Според Црквата, празникот Благовештение се паѓа во Велигденскиот пост и за овој ден е дозволено да се јаде риба. Но, ако празникот се падне во последната недела од Велигденскиот пост – страдалната седмица кога не се јаде риба тогаш не е дозволено да се јаде риба на празникот Благовештение. А, доколку празникот се падне на велика сабота, тогаш на тој ден се пости без масло.

Нема конкретен канон што вели: „не смееш да славиш именден“, но духот на Црквата јасно води кон воздржание од славење.

Во православната пракса:

• Благовештение е голем Господов празник, и секогаш се празнува – без оглед на постот.

• Дури и ако падне во Страсната седмица, од Црковен аспект се служи света Божествена Литургија (обично со посебен типик – спојување на службите).

Страсната седмица е време на молчание, покајание и тишина. Токму затоа не СЕ ПРЕПОРАЧУВААТ веселби, гозби и славења, дури ни за именден. Додека пак, во народната пракса: Некои луѓе сепак го обележуваат именденот, но, СКРОМНО, ПОСНО, БЕЗ МУЗИКА И ВЕСЕЛБИ.

Во Типикот (Уставот на богослужбите), за Страсна седмица стои суштинско правило дека овие денови се:

• „денови на најстрог пост и тишина“

• посветени на „спомен на страдањата Христови“

• се забрануваат веселби и свечени гозби

• богослужбите имаат покаен и строг карактер

• дури и спомените на светии или празници се „засенуваат“ од Страдањата.

Кај Свети Јован Златоуст се нагласува принципот: „Кога Црквата плаче, не е време за веселба“. Ова не е формална „забрана за именден“, туку духовен критериум каде што приоритет има сораспнувањето со Христос, а не личната радост.

За празникот Благовештение пожелно е да се постапува вака:

1. Не се прави класичен именден

– нема музика

– нема богата трпеза

– нема големи собирања

2. Ако дојдат луѓе:

– се примаат скромно

– со посна трпеза

– во тивка атмосфера

3. Често го одложуваат славењето по Велигден, кога може да се прави прослава.

4. Фокусот е на Црквата

– Литургија

– причест

– молитва

ВАЖНО: Празникот се празнува литургиски (се оди на богослужба). Не се прави весел именден во духот на Страсната седмица, скромно се обележува или пак се одложува.

ЗАКЛУЧОК:

Во Црквата нема конкретна забрана за тоа дека не треба да се слави или пак дека треба да се слави.

Се остава секој според својата вера и совест да постапува. Но, сепак повторно ќе речам доколку некој чека именден, да внимава да не ја наруши светоста на празникот со непотребни веселби.

Протоереј Крсте Тасески, Буковска епархија

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…