pesna pestera naslovna

Пештерата Пешна, сместена на само 6 километри од Македонски Брод, е една од најатрактивните природни убавини во Македонија – а сепак останува недоволно позната и ретко посетена. Ова природно чудо, иако прогласено за споменик на природата, сè уште не е доволно искористено како туристичка атракција и претставува вистинско скриено богатство.

Според спелеолозите, Пешна го има најголемиот пештерски отвор на Балканот – со таваница висока околу 30 метри. Од нејзиниот северен дел, по обилни дождови или топење снег, извира силен вруток кој во сушните месеци целосно пресушува. На самиот влез на пештерата се наоѓаат остатоци од средновековна тврдина, што ѝ дава дополнителна мистичност.

Мештаните веруваат дека врутокот е реката Пешна – понорница која, според одредени теории, всушност е Крапската река. Таа формира повеќе езерца и водопади во, како што велат спелеолозите, „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг околу десет километри. Остатоците од тврдината се поврзуваат со месноста „Девини кули“, која може да се забележи од внатрешноста на пештерата.

Според локалните легенди, на овие две тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Промоторите на брендот на Крале Марко исто така истакнуваат дека на влезот и навнатре во Пешна се наоѓала тврдината на втората сестра на Марко. Локалитетот е регистриран како доцноантички, а во близина, кај селото Слатина, е откриена гробница со тули и страничен влез од западната страна.

Пештерата Пешна е место каде природата, историјата и легендите се преплетуваат во една импресивна приказна – вредна да се види и да се раскаже.

LOGO HOTEL MOLIKA
Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

„Руска црква“ го чува споменот на големиот угодник Божји, свети Јован Шангајски кој често богослужел во неа

Мала и невообичаена по својот изглед, но зрачи со огромна светлина. Кој…

Истанбул – градот кој ве остава без здив

Репортажа на Маја Богоевска Кога се доближувате до него, ви се јавува…

Ве водиме во еден од најубавите градови во светот – Лисабон

Репортажа на Сара Трајчевска Ако имате прилика да го посетите Лисабон во…

Репортажа од Божиќниот маркет во Нирнберг – вториот по посетеност настан во Германија по Октоберфест

Репортажа на Љубица Петковска Нирнберг е најдобро чуваната тајна на Германија. Вториот…