hristina naslovna

Разговараше: Сара Танаскоска

Христина Христовска е дипломиран економист која ја следеше својата страст кон козметиката и денес е успешна жена-претприемач со сопствен салон за убавина. Нејзината приказна е инспиративна за сите кои сакаат да го следат својот сон – од лична нега и самопочит до создавање место каде клиентите се чувствуваат посебно и негувано.

Во овој разговор, Христина открива како започна нејзиниот пат во светот на убавината, што ја мотивира да го развива својот салон, кои се најбараните услуги и трендови, и што за неа значи најголемото задоволство од клиентите.

1000031078 edited

Читај БЕ: Како започна твојата приказна во светот на убавината?

Христина: Мојата приказна со салонот започна во 2020 година. Сепак, уште од мала секогаш имав желба да се грижам за себе и да бидам во добра форма, и тоа ме поттикна да го следам овој пат.

Читај БЕ: Што те мотивираше да отвориш сопствен салон за убавина?

Христина: Низ годините ги применував овие принципи на себе, и тоа ми ја зголеми желбата да им помогнам и на луѓето околу мене да се чувствуваат задоволно и негувано. Оттука, одлуката да отворам сопствен салон беше природен следен чекор во мојата приказна за убавината.

1000031079

Читај БЕ: Што значи да се биде жена-претприемач во Македонија?

Христина: Да се сакаш себеси е најголемата мотивација за секоја личност да се изгради во успешна и остварена личност. Да се биде жена-претприемач во Македонија значи да имаш храброст да ги следиш своите соништа, дури и кога патот е тежок и исполнет со предизвици. По професија сум дипломиран економист. Низ годините ме привлекуваше козметиката и така се решив да се надоградувам и на тоа поле и ден денес уживам во мојата понова професија. Најважно од сé ми е што моите клиенти се среќни кога излегуваат од салонот и секогаш се со истиот исказ „ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА ДОЈДАМ ВО ТВОЈОТ САЛОН“.  Тоа е уште поголема мотивација да одам напред.

Читај БЕ: По што твојот салон се разликува од другите салони за убавина?

Христина: Секогаш се надоградувам со знаење на повеќе области од  козметиката кај што можам да ја издвојам и најбараната услуга во овој период – Ласерска епилација, трајно отстанување на несаканите влакна.

Читај БЕ: Кои услуги се најбарани кај твоите клиенти?

Христина: Во моментов, најбарани услуги кај нашите клиенти се маникир и педикир, кои се секогаш омилени за одржување на совршен изглед на рацете и нозете. Покрај тоа, голема побарувачка има и за различни третмани за слабеење и обликување на телото, како и за третмани на лице кои помагаат да се одржи здрава и блескава кожа. Секогаш се трудиме да понудиме услуги кои ги задоволуваат потребите и желбите на нашите клиенти, без разлика дали станува збор за релаксација, нега или естетика.

1000031080 edited

Читај БЕ: Кои трендови во убавината моментално се најпопуларни?

Христина: Тренд во убавината и вистинско задоволство можам да кажам дека е секоја негувана и внимателно одржувана личност. Ние постојано ги следиме најновите трендови, прилагодувајќи ги според можностите и потребите на нашите клиенти, за секој да добие персонализирана нега и изглед што го сака.

Читај БЕ: Која е најубавата пофалба што си ја добила од клиент? 

Христина: Секој ден од клиентите добивање по некој подарок и пофални зборови ама најголемо задоволство ми е кога ќе ме прашаат МОЖЕ ДА ТЕ ГУШНАМ и верувајте нема поубаво чувство.

JK Travel
Не се спуштај на туѓото ниво
Бидeте позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите сакаат да …
13 награди од УНЕСКО за учениците од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола и посебно признание за студиото
Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО, со седиште во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…