money 621349 1280

Некогаш живеел еден сиромашен човек. Еднаш кога легнал да спие размислувал:

– Зошто е толку тежок животот на сиромасите? Зошто јас да одам гладен, а други да трупаат богатство? Јас кога би бил богат би живеел како што треба и би им помагал на сиромасите.

Наеднаш чул глас:

Еве, земи ја оваа торбичка, штом сакаш да бидеш богат. Во неа има еден златник, а штом ќе го извадиш, во торбичката ќе се појави друг златник. Собери колку што сакаш златници, а потоа фрли ја торбичката во реката. Додека не ја фрлиш торбичката во реката не арчи ги парите, зашто тие ќе се претворат во лушпи.

Се зарадувал сиромавиот, ја грабнал торбичката и извадил златник. И ете, по него се појавил друг златник…

– „Ах, каква среќа, за една ноќ ќе направам еден куп од златници, а утре ќе ја фрлам торбичката во реката”.

Минале ден, два, а човекот не сакал да ја фрли торбичката. Огладнел и отишол кај комшиите да побара малку леб, свесен дека не смее да троши од златниците, дури не ја фрли торбичката во реката. Така минувале недели, месеци, години, а тој не ја фрлал торбичката.

– “Кој не се радува на богатството” – си мислел тој. И така покрај златници живеел сиромашно, сакајќи да собере што повеќе. Понекогаш одел на реката за да ја фрли торбичката, но душата не му давала, и пак се враќал. Така и остарел. Пожолтел како бакар, но не престанал да вади златници. Така и умрел, со торбичката во рака.

Желбите за земно богатство немаат крај.

Да собираме во нашите амбари ”златници” кои ниту молец ги јаде, ниту р’ѓа ги гризе, да собираме дела со кои ќе го вкусиме богатството на рајот небесен, на Царството Божјо.

Извор: Православие.мк

Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Колку сме толку сме токму сме – 94 години од раѓањето на Гане Тодоровски

Гане Тодоровски  (1929 -2010)  од современ, денешен книжевен аспект може да се…