kkkk

Во среда, на 24.12.2025 година во 18 часот, во Спомен-собата на Васил Иљоски во Крушево, ќе се одржи свечено доделување на книжевната награда којашто го носи името на еден од столбовите на македонската драма, но и на македонската книжевност воопшто, македонскиот писател Васил Иљоски.

Книжевниот кружок „Васил Иљоски“ Крушево, којшто беше основан годинава, во склоп на Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам „КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ“ Крушево, а со дозвола од наследниците на потесното семејство на Иљоски и нивна поддршка за остварување на оваа идеја, годинава за првпат ја востановува книжевната награда „Васил Иљоски“.

Книжевниот кружок „Васил Иљоски“ ги прогласи и првите лауреати на оваа престижна книжевна награда.

Книжевната награда „Васил Иљоски“ за животно дело, ја добива истакнатиот македонски писател Венко Андоновски.

Книжевната награда „Васил Иљоски“ за развој на македонската книжевност, ја добива македонскиот поет Михајло Свидерски.

Оваа година ќе биде доделена и специјална книжевна награда „Васил Иљоски“ за 40 години книжевно творештво, којашто ја добива македонскиот поет и книжевник Никола Јовановски.

По свеченото доделување на наградите, настанот ќе продолжи со претставување на творештвото на тројцата лауреати, интерактивен разговор со читателите и сето тоа ќе биде заокружено со потпишување книги од страна на авторите.

кккк2

Настанот е од отворен карактер и може да присуствува секој вљубеник во пишаниот збор на македонски јазик.

Не заборавај кој беше покрај тебе кога ти беше најтешко
Во животот сите нè следат убави зборови кога сè оди лесно. Но, …
Една реченица открива дека некој ви завидува: Ако често го слушате ова – бидете внимателни
Зависта често не се покажува отворено. Луѓето кои ви завидуваат најчесто нема …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…