sveti merkurij

На 7 декември во битолското село Барешани верниците го одбележуваат празникот на Свети Меркуриј во истоимениот манастир, единствениот посветен на овој светец.

Светилиштето, сместено на живописна падина над селото, е особено познато по едно старо народно верување: дека каменот вграден во северната страна од темелот на црквата им помага на жените кои тешко остануваат бремени или имаат проблеми со пород. Многу посетителки доаѓаат токму поради ова, молејќи се и надевајќи се на благослов.

sveti merkurij edited 2

Покрај духовното значење, манастирот е познат и по својата историја. Денешната црква е изградена во 1848 година врз темели на постара светиња, а фреските и деталите околу архитектурата сведочат за долга традиција што ја сочувал овој крај.

Празникот Свети Меркуриј во Барешани традиционално се одбележува со литургија, собирање на верниците во манастирскиот двор. За мештаните, но и за многу битолчани, ова светилиште претставува место на мир, надеж и посебна духовност што се пренесува со генерации.

Светиот великомаченик Меркуриј

07 121

Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода се викаше Меркуриј. Во борбата на Меркуриј му се јави Ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите.

И навистина, Меркуриј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева. По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска.

Но, некои завидливи луѓе го обвинија Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри тоа, туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Во затворот му се јави Ангел Божји и го исцели. Најпосле царот изрече пресуда војводата Меркуриј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година.

Пролетни алергии: првите симптоми и како да се подготвиме
Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, дрвјата цветаат, а времето станува …
Black Coffee доаѓа во Скопје – спектакл на 19 јуни на Стадионот на АРМ
Еден од највлијателните артисти на современата електронска сцена, Black Coffee, ова лето …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…