На 19.11.2025 во основното училиште „Даме Груев” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Отсекот за превенција при СВР Битола учествуваа на работилницата посветена на најмладите ученици. Притоа, полициските службеници ги запознаа учениците со основните сообраќајни правила и прописи, како и препораки за безбедно пристигнување од дома до училиште и обратно.
Во рамки на активноста на децата им беше поделен рекламен печатен материјали со едукативна содржина.



Рузмаринот – Мирисно богатство со лековити својства
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е повеќегодишна, зимзелена медитеранска билка позната по својот интензивен …
Животот и со криви линии може да напише вистинска приказна
Во животот, некогаш тишината му одговара на човек повеќе од сѐ, веројатно …








