boy 5731001 1280

„Учителе, толку многу книги имам прочитано, но на повеќето не се сеќавам. Ги имам заборавено. Која е целта на читањето?“  – прашал љубопитниот ученик.

Учителот не одговорил. Само го погледнал, молчејќи.

Неколку дена подоцна двајцата седеле крај реката. Одненадеж учителот рекол:

„Жеден сум, донеси ми малку вода, но, искористи ја оваа цедилка што е онаму.

Ученикот се зачудил и збунил. Тоа било смешно барање. Како некој може да донесе вода во цедилка полна со мали дупчиња?

Но, не се осудил да му се спротивстави на учителот.

Ја зел цедилката и се обидувал.

Еднаш.

Двапати.

Одново и одново…

Трчал брзо, пробувал да се движи поинаку, со прстите ги покривал дупчињата.

Ништо не му успевало.

Не можел да задржи ни една капка во цедалката.

Исцрпен и фрустриран, ја испуштил цедалката пред нозете на учителот и му рекол:

„Жал ми е. Не успеав. Беше невозможно“.

Учителот го погледнал љубезно и му рекол:

„Не потфрли. Погледни ја цедилката.“

Ученикот погледнал долу и забележал нешто.

Старата, валкана цедилка сега блескала. Водата, иако не се задржала во неа, ја миела одново и одново додека не почна да блеска.

Учителот продолжил:

„Тоа е целта на читањето. Не е важно ако не се сеќаваш на секој детал. Не е важно ако мислиш дека знаењето ти се провлекува, како водата низ цедалката…затоа што додека читаш, умот ти станува сѐ поразборит. Твојот дух се обновува. Твоите идеи се свежи. Дури и ако тоа ти не го забележиш веднаш, сепак се менуваш од внатре кон надвор. Тоа е вистинската цел на читањето, не да ти ја пополни меморијата, туку да ти ја исчисти и облагороди твојата душа“.

Вознесение Христово Спасовден
Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
Животот и со криви линии може да напише вистинска приказна
Во животот, некогаш тишината му одговара на човек повеќе од сѐ, веројатно …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…