Вчера на ски-центарот Копанки се одржа 13-тиот Downhill CUP Pelister, во организација со поддршка на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола. Настанот привлече бројна публика и донесе многу возбудувања, насмевки и спортски дух, како кај битолчани, така и кај учесниците од соседните држави.


Велосипедскиот клуб „Пелистер 15 мај“ од Битола настапи со тројца натпреварувачи во две категории и постигна забележителни резултати. Во категорија јуниори, Мартин Ѓорѓиевски беше најбрз и го освои првото место, додека неговиот клубски колега Иван Луоски заврши на шестото место. Во категорија сениори, Илија Ѓеорѓиевски се пласира на четвртото место.
Трката беше од меѓународен карактер и на неа учествуваа велосипедисти од Грција, Бугарија и Црна Гора.



Правила за живот од Балтазар Грасијан
Големите луѓе зависат од времето. Не можеле сите да се најдат во …
Мали навики кои прават чуда за метаболизмот
Ако чувствувате дека вашиот метаболизам работи побавно отколку порано или дека телото …









