Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
На средбата беше разгледан проблемот со злоупотреба на вода преку нелегални приклучоци и кражба на вода, со што се нанесува сериозна штета не само на јавното претпријатие, туку и на сите совесни корисници.

Од ЈКП „Водовод“ информираат дека секоја злоупотреба ќе биде предмет на постапка согласно важечките законски регулативи, а против сите лица кои ќе вршат кражба на вода или ќе користат диви приклучоци ќе бидат преземени соодветни санкции преку надлежните институции.
Претпријатието упатува апел до граѓаните и правните субјекти водата да ја користат исклучиво на законски начин, а воедно ги охрабрува сите да пријавуваат евентуални злоупотреби.
„Само со заеднички напори може да се обезбеди правилна распределба и заштита на овој драгоцен ресурс“, порачуваат од ЈКП „Водовод“ – Битола.








