manaki pres

На 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 20 до 26 септември во Битола, добитник на Специјалната „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е истакнатиот турски филмски режисер Семих Капланоглу.

Капланоглу важи за еден од најуспешните и највлијателни автори во турската кинематографија. Досега има освоено 28 меѓународни награди и 10 номинации на реномирани фестивали низ светот. Своето деби го направи во 2001 година со филмот Далеку од дома, за кој ја доби наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски фестивал.

Во 2005 година неговиот втор игран филм Падот на ангелот беше прикажан на Берлинале Форум и доби награда за најдобар филм во Нант. Следуваше Јајце (2007), премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, кој освои 30 награди и беше првиот дел од неговата славна Трилогија за Јусуф. Вториот дел, Млеко (2008), се прикажа во официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал и доби повеќе меѓународни признанија, меѓу кои и награда од ФИПРЕСЦИ во Истанбул.

Semih Kaplanoglu Portre r1.jpeg

Со последниот дел од трилогијата, Мед, Капланоглу ја освои престижната Златна мечка на 60. издание на Берлинскиот филмски фестивал.

Директорот на фестивалот, Димитрија Доксевски, изјави дека годинава не очекува возбудливо и богато фестивалско издание.

„Официјалната програма ‘Камера 300’, со која ќе биде отворен фестивалот на 20 септември во Битола, ќе понуди силна селекција. Ќе бидат прикажани и кратки филмови, документарни остварувања, студентски филмови, а се враќа и ‘МакПоинт’ програмата посветена на македонската продукција. Очекуваме голем број гости од земјава и странство – уметници и филмски автори кои ќе бидат дел од работилниците, мастеркласовите и придружната програма“, рече Доксевски.

Селекторот на главната натпреварувачка програма, Слаѓан Пенев, најави дека фестивалот ќе биде отворен и затворен со македонски филмови.

„Филмот Мајка на Теона Стругар Митевска ќе го отвори овогодинешното издание. Директорка на фотографија е нејзината долгогодишна соработничка, белгиската снимателка Виржини Сент-Мартан, која досега двапати ја има освоено Сребрената Камера 300“, рече Пенев.

Фестивалот ќе биде затворен со македонскиот филм Диџеј Ахмет, кој веќе оствари значајни успеси на светските фестивали и доби две награди на реномираниот фестивал Санденс.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…