ЈКП „Водовод“ – Битола ги информира сите корисници дека поради високите температури, потрошувачката на вода во водоводниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола е драстично зголемена и надминува 700 литри во секунда.
Како резултат на тоа, притисокот во системот е намален, што предизвикува проблеми со водоснабдувањето, особено во критичните и повисоките делови од градот.
„Апелираме до сите корисници на рационално користење на водата, односно да се користи исклучиво за основни потреби: пиење, лична хигиена и готвење. Дополнително, ги потсетуваме граѓаните кои живеат во висококатници да ги користат своите хидрофорски постројки за обезбедување соодветен притисок“.
Ви благодариме на разбирањето и соработката.
ЈКП „Водовод“ – Битола
Патувањата се мелем за душата
Пишува: Сара Танаскоска Кога и да патувам некаде, дома се враќам со …
Карактеристики на реализирирана жена – според рускиот психолог Лабковски
Михаил Лабковски е руски психолог, писател, ТВ и радио презентер. Успеал да …








