sara nasl

За мирот што го избегнуваме

Пред неколку месеци, во еден автобус од мал град кон Скопје, заборавив да земам слушалки. Батеријата на телефонот ми беше при крај, па не можев да гледам ништо. Имаше сигнал, ама интернетот беше слаб. Два часа – само јас и моите мисли. На почетокот – нервоза. После десетина минути – празнина. А потоа, неочекувано, некаков чуден внатрешен мир. Идеи кои одамна не ми дошле. Слики, чувства, прашања. Тоа не беше досада. Тоа беше – простор. Полека ми стана јасно: го избегнуваме досадното затоа што го мешаме со бескорисното.

Темпото што нè јаде живи

Секојдневието ни е исполнето до работ. Работиме, учиме, брзаме, одговараме на пораки, планираме активности. Потоа одморот го планираме исто така – до последна минута. Одморот веќе не е одмор, туку нова обврска: да се сликаме, објавиме, бидеме таму каде што „треба“. Ако ништо не правиме, нè фаќа чувство на вина. Како да сме пропуштиле нешто важно.

Животот го живееме како трка без цел, како песна без рефрен, како ден што никогаш не застанува доволно долго за да се прашаме: Каде одам?

Досадата како исчезнат простор за себе

Досадата порано беше нормален дел од секојдневието – и потребен. Тоа беа моментите кога ќе седнеш на клупа без причина, ќе гледаш во небо, ќе легнеш на кревет без план. Денес, тие моменти ги пополнуваме веднаш – со скрол, клип, музика, разговор, или уште некоја обврска. Сакаме да ни биде „полно“ – и одвнатре, и однадвор.

Но токму таму, во тие „празни“ моменти, нашата свест може да се одмори. Нашиот ум да се исчисти. Нашите вистински мисли да испливаат.

Што се случува кога нема тишина?

Кога не му даваме простор на внатрешниот живот, тој се гуши. Ни станува тешко да се фокусираме. Ни се менува вниманието, соништата ни стануваат плитки. Сè повеќе луѓе се чувствуваат изгубени – не затоа што немаат информации, туку затоа што немаат мир да ги слушнат своите потреби.

Сакаме инспирација, но ја блокираме. Сакаме креативност, но не ѝ даваме време. Сакаме внатрешен мир, ама секој обид за тишина ни изгледа како губење време.

А токму тишината – и здодевноста – се основа на секаква свесност.

Да се здосадиш – значи да се вратиш дома

Кога не правиш ништо, почнуваш да забележуваш: звуци, мириси, сопствени мисли. Почнуваш да го чувствуваш моментот. Почнуваш да мислиш, не само да реагираш. И со тоа – почнуваш да се враќаш во контакт со себе.

Досадата не е крај на активноста – туку почеток на поврзаноста. Со телото. Со умот. Со животот.

Мирот не е „луксуз“ – туку потреба

Да се научиме да го забавиме темпото е чин на здравје. Да дозволиме ден без продуктивност, попладне без план, тишина без страв – тоа не е слабост, туку храброст. Тоа е одлука да бидеш човек, не само „функција“.

А можеби токму таму, во здодевното, ќе се појави идејата што ќе го смени сè. Или едноставно – ќе си дозволиме само да бидеме. И тоа е доволно.

Странците често се воодушевуваат од нашиот ритам – интервју со Снежана Балканска
Снежана Балканска е пензиониран играорец кој работеше во Ансамбл „Танец“. Таа и …
Рузмаринот – Мирисно богатство со лековити својства
Рузмаринот (Rosmarinus officinalis) е повеќегодишна, зимзелена медитеранска билка позната по својот интензивен …
You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…