Вечерва, на 12 јуни, со почеток во 21 часот, на сцената на Нова Сцена при Центарот за култура во Битола, Интимен театар премиерно ќе ја изведе претставата „Жени без маж и ништо повеќе“, инспирирана од драмата Домот на Бернарда Алба од шпанскиот драматург Федерико Гарсија Лорка.

Претставата е во режија на Валентин Дамчевски, со драматургија на Билјана Крајчевска, кореографија на Борис Богдановски, а музиката ја потпишуваат Сара Петровска и Дејан Марковски. Едукатори во проектот се: Софија Ристевска Петрушева, Билјана Крајчевска и Валентин Дамчевски.
Во улогите ќе ги гледаме младите актери:
Илијана Питошка, Филип Натев, Елеонора Блажевска, Софија Кутлешовска, Ангела Стојковска, Сара Петровска и Софија Трајковска.






Публиката ќе биде пренесена во светот на една мрачна куќа полна со интриги, стравови и потиснати страсти, каде младите актери преку силна актерска игра и изразена емоција ќе истражат до каде може да отиде човечкиот ум и што сè е подготвен да направи кога е затворен од околината и од самите себе.
„Ова е претстава која не само што зборува за жените, туку отвора прашања за слободата, стравот, моќта и немоќта во едно затворено општество“, велат од тимот на Интимен театар.

Билетите се достапни пред почетокот на претставата по цена од 150 денари.








