STEFI

Стефани Талевска, 27-годишна талентирана битолчанка, живее и работи во Њу Џерси, САД, каде што успешно ја гради својата професионална кариера како даночен советник во една од најреномираните сметководствени компании во светот. Но, покрај сметководството, нејзиното срце отсекогаш чукало за музиката.

„По професија сум јавен сметководител и работам во една од глобално најпрестижните компании. Во 2023 година дипломирав сметководство и финансии, а образованието и градењето на стабилна кариера за мене секогаш биле важен приоритет,“ вели Стефани, која на музичката сцена се претставува под артистичкото име STEFI.

stefi1

Иако финансиската кариера ѝ е на прво место, љубовта кон музиката никогаш не престанала да биде дел од нејзиниот живот.

„Музиката за мене не е само хоби – таа е мојот начин да се изразам, да кажам приказна, и да допрам до луѓето на подлабоко, емотивно ниво,“ додава таа.

Првиот посериозен чекор во музиката го направила во 2021 година, кога започнала да работи на свои проекти и дури добила понуда за соработка со издавачка куќа. Сепак, тогаш одлучила приоритет да ѝ биде образованието. Сега, со стабилна основа во кариерата, повторно ѝ се враќа на музиката со целосна посветеност.

„Музиката што ја создавам е инспирирана од лични емоции, искуства и вредности. Сакам да создадам нешто што луѓето навистина ќе го почувствуваат,“ раскажува STEFI.

Посебна инспирација за неа бил нејзиниот покоен вујко, професионален оперски пејач кој настапувал во Македонската Опера и Балет и бил блиски соработник на Тоше Проески.

„Неговата музичка посветеност и страст оставија траен белег врз мене и мојата одлука да креирам свои песни,“ со емоции раскажува таа.

STEFI неодамна подготви и нова музичка обработка на песната „Океани“ од Next Time и Слаткаристика, која, како што вели, ја одбрала поради длабоката поврзаност со темата на носталгија и љубовта кон татковината.

„Тоа е и мојата приказна – носталгија за Битола, за фамилијата, пријателите и корените, кои иако се далеку, никогаш не се изгубени,“ вели таа.

Во моментов работи на неколку авторски песни, како и нови ковери на македонски и светски изведувачи. Ја поддржува македонската музичка сцена и се надева на идни соработки со артисти од Македонија.

Новата песна на STEFI ќе биде објавена на нејзиниот YouTube канал на 15 јуни (недела).

„Ова е песна што ја работев со многу љубов и посветеност, и навистина се надевам дека ќе допре до вас,“ порачува Стефани Талевска.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…