nagradi martin mirchevski1

Со свеченото доделување на наградите во Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа во Прилеп заврши 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Атмосферата беше исполнета со аплаузи, силни пораки за потребата од нова театарска зграда во Прилеп и признанија за сè повисокиот квалитет на фестивалот.

„Прилеп е град на театарот, местото на фестивалот, Прилеп е самиот фестивал. Овој град мора да има театар, тоа веќе не е желба, туку потреба,“ истакна уметничкиот директор и селектор на програмата, Ана Стојаноска.

Најголемиот дел од добитниците присуствуваа лично за да ги подигнат наградите што ги додели меѓународното жири во состав: Лилија Абаџиева (претседател), Иван Меденица и Нела Оташевиќ.

nagradi site

Голем успех за НУ Народен театар Битола, чија што претстава „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски освои две престижни награди:

  • Награда за современа сценска драматизација и адаптација за Јелена Цветановска
  • Награда за главна машка улога за Мартин Мирчевски за ликот на Доне Совичанов
1000006805

„Горди сме што оваа претстава посветена на македонската кауза освои две значајни награди. Ова е поттик да продолжиме уште поупорно во промоцијата на македонската драматургија,“ изјави директорот на Битолскиот театар, Васко Мавровски, упатувајќи благодарност до целата екипа на „Црно семе“.

Успех забележа и сценографот од Битола, Валентин Светозарев, кој ја доби наградата за најдобра сценографија за претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес.

Во чест на лауреатите, вечерта беше затворена со претставата „Вистината 2“ на Театар Комедија, во режија на Владимир Јурц.

Покровители на 59. издание на фестивалот беа Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп.

Кога животот ќе те распарчи на илјадници парчиња, не тагувај…
Кога животот нè крши, тоа не е крај – тоа е почеток …
Пушти го она што не ти е судено – не си го комплицирајте животот
Многумина од нас се жалат дека животот е комплициран, но вистинската вистина …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…