Messenger creation A6E0C89F 5081 48C1 A12A CCA53B6B920B e1748015201599

Поетите Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска ја претставуваа Македонија на меѓународниот поетски фестивал „CON-VERSI-AMO CON IL MONDO 2025“ во периодот 17-18 мај 2025 година во Кастел Маџоре, Болоња, Италија. Фестивалот е поддржан од Општина Кастел Маџоре, Унијата Рено Галиера, а е организиран од АУСЕР – Болоња во соработка со ПАС (PAS – Parco del Sapere Ginzburg) и Библиотеката “L’Isola del Tesoro”.

Messenger creation 7507D274 3893 4E34 8E8F B11D06374708

Уметнички директор на фестивалот е Клаудија Пичино. Оваа година, освен македонските поети Борче Панов и Даниела Андоновска-Трајковска учествуваа поети од Србија (Милош Јанковиќ, актуелен претседател на Друштвото на писатели Србија и Милица Јевтимијевиќ Лилиќ) и Италија (Чинција Деми, Алесандро Ламберти, Стефано Каранти и Естер Чечере). Фестивалот се одржуваше на три локации: градската библиотека и театарот Бјаџи д’Aнтона во Кастел Маџоре и Библиотеката “L’Isola del Tesoro” во Болоња и тоа во вид на книжевни портрети, книжевни разговори, читање поезија на македонски, српски и италијански јазик. Во рамките на фестивалот беа претставени и поетските книги “Soul Full of Sky / Il Cielo Nell ‘anima” од Даниела Андоновска-Трајковска и “Sculpture of Breathing / Scultura del Respiro” од Борче Панов  во англиски препев на Даниела Андоновска-Трајковска и италијански – на Клаудија Пичино.

Messenger creation 83E16D93 2E71 4690 BEE3 F3C4B700ABB1

КРАТКА БИОГРАФИЈА

Борче Панов е роден во 1961 година во Радовиш. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1998 година. Својата прва стихозбирка ја објавил во 1991 година, а негова поезија е објавена во голем број антологии и литературни списанија дома и во странство. Панов работи како советник за образование во општина Радовиш, а исто така е и уметнички координатор на Меѓународниот поетски фестивал „Караманови средби“, што се одржува секоја година во Радовиш (првото издание на фестивалот беше во 1967 година). Има објавено Борче Панов 15 поетски книги и осум драми. Тој има објавено и 15 поетски книги на други јазици: бугарски, српски, хрватски словенечки, англиски, италијански, полски, арапски, романски во Бугарија, Србија, Хрватска, Романија, Полска, Италија, Обединети Арапски Емирати, Индија, САД, Холандија, а поезијата му е преведувана на околу 40 јазици. Добитник е на значајни светски книжевни награди.

Messenger creation D3743C0D C5F8 4CCF 841F E2957AE32F43

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола, Северна Македонија) е наградувана поетеса, писателка, доктор на науки, книжевна критичарка, уредничка на 3 книжевни списанија, коосновач на Центарот за литература, уметност, култура, ораторство и јазик при Педагошкиот факултет-Битола каде што и работи како универзитетска професорка, член на Друштвото на писателите на Македонија, на Славјанската литературна и уметничка академија во Варна, актуелен претседател на Македонското научно друштво-Битола, а била и претседател на Уредувачкиот совет на Друштвото. Автор е на 18 книги на македонски јазик (поезија, проза, книжевна критика, научна литература) и 8 книги на англиски, арапски, италијански, полски и романски јазик објавени во Италија, Романија, Обединети Арапски Емирати, Индија, Полска и Соединетите Американски држави. Се занимава и со книжевен превод, а нејзината поезија е преведена на 40 јазици. Добитничка е на значајни светски, но и национални книжевни награди.

Messenger creation 705F9E93 86D0 4A7B B1BD D0359D5EF6EC
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…