monmartr 2025 38

Со свеченост што се одржа синоќа, на 23 мај 2025 година, на платото Монмартр пред Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во срцето на старата битолска чаршија, свечено беше отворена 44. Светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.

monmartr 2025 2

Признанија „Мал Битолски Монмартр“ за поддршка на манифестацијата беа доделени на:

  • Општина Битола – градоначалникот Тони Коњановски
  • Министерство за надворешни работи на Бугарија
  • Министерство за култура – Бугарија
  • Министерство за култура – Македонија
  • Бранко Роглиќ – Хрватска
  • Милен Врабевски – Бугарија

На отворањето присуствуваа амбасадорите на Јапонија, Бугарија и Чешка, аташето за култура од Амбасадата на Турција, како и претставници од почесниот конзулат на Црна Гора.

Во рамките на колонијата ќе учествуваат 150 гости – ученици, професори и родители од 18 делегации од 17 земји, меѓу кои се: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија и региони од Турција (Трабзон и Кајсери). Своето отсуство оправдано го најавија делегациите од Кина, Јапонија и Португалија.

monmartr 2025 3

На свеченото отворање беа доделени и награди за професори и училишта за 2024–2025.

Награда „Мал Битолски Монмартр“ за поддршка и развој на младите таленти (2025):

Професор Miodrag Vukchevich – Црна Гора

Професор Meral Ilgun – Турција

Професор Jannette Kubalova – Словачка

Награда „Професор Светлана Вешиќ – Ралевиќ“ за извонреден педагошки пристап (2024–2025):

Професор Ivana Chondrich – Ribichich – SSH „Ivan Goran Kovachich“ Кисељак, Босна и Херцеговина

Награда „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ за глобална промоција на младинската ликовна уметност (2024–2025):

Професор  Ruzmira Beqiraj Bejaj – „Национален културен центар за деца“, Тирана – Албанија

Награда „Бисер на уметноста“ за индивидуален уметнички напредок (2024–2025):

Lena Pavkovich – Ликовно ателје „Artino“, Белград – Србија

Специјална награда „Златна четка“ за извонредна колекција (2024–2025):

    “Simply Art” – Хонг Конг, Кина

    “Yeow Chye Art Studio” – Ayer Itam, Малезија

    “Hobby Centre For Art” – Ахмедабад, Индија

Специјална награда „Чувар на наследството на Коста“ за исклучителен придонес (2024–2025):

Ликовен уметник Maria Dima – Букурешт – Романија

Специјална награда „Проф. д-р Богомил Карлаварис“ за животно дело (2024–2025):

професор Shirley Siegal – Lapid – Израел

Гран При 2025 – за најдобра школа и најдобра колекција:

професор Veysel Acar – „Veysel Acar Atolyesi“ – Трабзон, Турција

„Мал Битолски Монмартр“ уште еднаш ја потврдува Битола како центар на детската ликовна уметност во светски рамки.

Фотограф: Саше Богоевски

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…