Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот.

По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки” по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката на 13 декември со почеток во 19.30 часот.

„Бубачки” е македонски краткометражен игран филм од 2004 година, во продукција на „Сектор Филм Скопје”. Филмот е номиниран за „Златна мечка” на Берлинскиот филмски фестивал во 2004 година и е добитник на престижниот „Златен леопард” на фестивалот во Локарно. Бубачки успеа да се пласира помеѓу девет кратки филмови во трката за „Оскар”, но не се здоби со номинација.

Што станува со еден млад човек кој живее целосно во својот свет? Меланхолични и моќни слики ги враќаат спомените од минатото на момчето, додека ја откриваат неговата контемплација за сегашноста. 

Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богојевиќ.

ЈКП „Водовод“ – Битола доби грант од 100.000 швајцарски франци за дигитализација на водоснабдувањето
Официјално започна реализацијата на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија“, чија главна …
ЈП „Стрежево“: На 8 јуни започнува сезоната за наводнување
На 8 јуни официјално започнува сезоната за наводнување на земјоделските површини. Во …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…