Litija

Покана до сите благочестиви христијани на 11.08.2024 година, недела, во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на Македонската Православна Црква – ОА, свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на Крушево.

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот делчевско – каменички г. Марко во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а предавање ќе одржи отец Предраг Поповиќ на тема “Смирението и моќта”

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на нашиот град и повторно враќање при храмот.

Затоа Ве покануваме благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

Свети Климент Охридски  ја има кажано моралната мисла „Тргај се од злото и прави добро“ во која е сублимирана целта на православното христијанство, како што пишува и во Светото писмо – има закон само само за злото, за доброто нема закон. Климент Охридски е еден од најважните личности кога се говори за развојот на образованието, културата, науката во Македонија, тој ја носи титулата Големиот учител, бидејќи  е пример за тоа како треба да се однесува секој наставник, учител, професор.

Младите кошаркарски надежи на „Младост“ повторно нов предизвик во Грција
На покана од реномираниот грчки кошаркарски клуб Edessaikos BC од Воден, младите …
Ако сте станале лоши за некого – значи дека сте направиле премногу добро за него
Во човечките односи постои еден парадокс кој е тешко да се игнорира: …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…