biljana butim nasilstvo

Светот е неверојатно сложен систем, од којшто се видливи само оние делови кои можат перманентно да се менуваат. Колку побрзо прифатиме дека животот на светската сцена и нема некоја висока цена – толку подобро за нас.

Барате доказ? Прочитајте ги вестите од светот, освен на 1 јануари, кога уште еднаш се дава јавен извештај колку новороденчиња се родени? А – за разлика од жива хроника имаме традиционална „црна хроника“ каде преовладуваат прилично хорор наслови.

Светот намерно ја потценува силата на психичкото насилство, затоа што многу добро знае дека оние рани кои не се гледаат се најдлабоки, најмногу печат и тешко зараснуваат.

Психичко насилство прави жртвата да се чувствува виновна. Личноста манипулаторски се уверува дека не е вредна и сѐ што прави – прави погрешно. Психичкото насилство најмногу влијае на квалитетот на сонот и нивото на самодоверба и ред други карактеристики кои се дел од спектарот на анксиозност.

Живееме во свет кој се храни со омраза, насилство, манипулативна сатисфакција – или во канализацијата на стварноста.

Каде е човекот и неговите исконски морални вредности?

На Бирото за исмевање. Добриот, невиниот и човекот кој има потреба од правда е постојано исмеван и понижуван.

Е, сега, што да прават оние кои не се прилагодиле на животот во канализацијата на стварноста?!

Па, подобро сами, отколку во лошо друштво, освен ако сакате да бидете кошкани. Би сакала да говорам за надеж – но, немам соодветна реторика и не гледам некој да се труди да ја понуди како опција.

Да, жално е што нема жал.

Има надеж. Сѐ ќе помине. Важно е да продолжиме напред со своите лични уверувања, не со туѓите… имаме должност кон самите себеси да живееме квалитетен живот, светот нема да ни го даде, всушност светот ништо не ни дава и кога мислиме дека ни дава – ни зема, елегантно.

Цитати кои ве поттикнуваат да го промените вашиот живот
„Никој не може да ве натера да се чувствувате инфериорни без вие …
45. јубилејно издание на „Мал битолски Монмартр“ се отвора утре во Офицерскиот дом – Битола
На 23 мај 2026 година, со почеток во 20 часот, во архитектонскиот …
meblo trejd alati1
You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…