toni

Тамара Грујеска од Гостивар под менторство на Тони Алексовски ја освои сцената на Интернационалниот фестивал „Angel Voice“ во Белград, Србија. Тамара настапи како претставник на фестивалот „MUSICLAND“ чиј директор е Алексовски.

„Од 4 до 10 мај годинава реализиравме прекрасно гостување на Интернационалниот фестивал „Angel Voice“ во Белград каде бевме јас како член на интернационалното жири во кое сум веќе петта година и претставничката на нашата држава, Тамара Грујеска од Гостивар која воедно е и како претставник на фестивалот „MUSICLAND“ и која настапуваше минатата година заедно со Камерниот оркестар на Битола. Таа воедно беше и минатогодишен претставик на Македонија на детската евровизија во Ница, Франција.

Оваа година како ментор и водач на македонската делегација бевме 5 дена на гостување во Белград. Тамара настапи со две песни во категоријата Тин, и ја освои наградата како најдобар учесник во таа категорија, а воедно и наградата Гран При, како апсолутен победник на фестивалот.

Прекрасни впечатоци, прекрасно гостување, а Тамара во свој стил и достојно ја претстави нашата држава и нашиот фестивал „MUSICLAND““, изјави за Читај бе, Тони Алексовски.

meblo trejd cestitka
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
Врвни изведби и силни пораки: затворен 27. Фестивал на монодрама во Битола
Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…