step ap vienski

Латино групата Старс од Танцовиот спортски клуб Степ Ап Битола оваа година со својот настап ја збогатија програмата на скопскиот Виенски Бал.

step ap 1

Организаторот на Балот упати покана после успехот кој го постигнаа на Светското Првенство во Шпанија со освојување на високото 4 место што дополнително го потврдува квалитетот кој го поседува оваа латино формација.

step ap

„Нема да сме нескромни ако кажеме дека квалитетот кој го поседуваат латино формациите станува бренд по кој се препознава ТСК СТЕП АП Битола не само кај нас туку и на меѓународно ниво. Наши танчери, танцови двојки или солисти традиционално речиси секоја година се дел од тимот кој ја збогатува и ја разубавува програмата на Виенскиот Бал. Им благодариме на организаторите на Балот за честа и укажаната доверба што членовите на СТЕП АП и оваа година беа дел од овој несекојдневен настан. Посакуваме уште долги години да ја негуваат оваа традиција, а нас ќе биде чест да оспособуваме и изградуваме квалитетни танчери спортисти кои ќе бидат и понатаму дел од Виенскиот Бал во Скопје“, изјави за Читај бе, Вера Сретенова Силјановска, претседателка на ТСК Степ Ап Битола.

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…