pretstava

На 27.04.2024 година (сабота) со почеток во 20 часот ќе се одржи Премиерата на театарската претстава „Жена ми се вика Борис” од Рафи Шарт, во режија на Благој Николов и во изведба на актерите од драмското студио кое функционира во рамки на Домот на културата „Илинден” во Демир Хисар.

„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценција поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата „Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.

Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија – проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото… – се вонвременски.

Драмското студио при Дом на културата „Илинден” Демир Хисар е формирано во средината на 90-те години на минатиот век и низ него поминале голем број на локални актери и биле изведени голем број на театарски претстави меѓу кои: „Мисир”, „Сомнително лице”, „Вечни студенти”, „Викенд на мртовци”, „Болва во уво”, „Кога жената ја нема”, „Сказни за царот и овчарот” и други.

pretstava 1

По повеќе години пауза, драмското студио беше возобновено минатата година и беше подготвена и изведена театарската претстава „Одам на лов” од Жорж Фејдо и во режија на Благој Николов, а истата покрај пред локалната публика беше изведена и пред публиката во Кичево, Кавадарци и Крушево.

Исто така, по премиерата на овогодинешната претстава „Жена ми се вика Борис” пред локалната публика, договорени се гостувања во повеќе културни центри низ државата.

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…