По повод 2-ри Април, Светскиот ден за одбележување на аутизмот, во битолската зоолошка градина се организираше настанот под мотото „Заедно можеме повеќе, заедно можеме се“ кој вклучи дружба во Золошката градина во Битола на деца со атипичен и типичен развој.

viber image 2022 04 02 13 07 59 900

Преку овој настан сакаа на симболичен начин да ја подигнат свесноста за аутизмот. Испратија порака до сите дека она што не прави различни, во тоа е убавината, дека заедно можеме многу повеќе и можеме се и да ја подигнеме симболично свесноста за аутизмот кај сите нас.

„Овој ден значи многу со тоа што сакаме меѓу луѓето да се подигне свесноста за аутизмот, каков е што е и дека тоа е нешто што е со нас, до нас и не треба да се плашиме од него. Денешниот настан е поддржан од здружението „Хармоничен свет“, поддршка имаме и од Ротари клуб Битола, исто така од здружението „22 Неноти“, исто така од мајка на дете со нетипичен развој, Ана Ѓорѓиев, а ја изразуваме и благодарноста кон Зоолошката градина во Битола која ни излезе во пресрет. Целта на настанот беше дружба на деца со типичен и атипичен развој, бидејќи годинешното мото на 2 април е „Инклузијата е она што треба да го постигнеме“. Мојата идеја за овој настан беше „Заедно можеме се, заедно можеме повеќе“ бидејќи децата се сите исти, децата се сакаат, децата треба да живеат, да функционираат и да се радуваат заедно, а возрасните се тие кои ги прават поделбите. Затоа ја одбравме таа тематика и организиравме дружба во ЗОО Битола на децата со типичен и атипичен развој и симболично испративме 99 балони кон небото за да ја одбележиме слободата и внатрешниот мир кој сите го заслужуваме и го бараме на крајот на денот, изјави д-р Билјана Гагачовска, субспецијалист по детска и адолесцентна психијатрија, која беше иницијатор на овој настан.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…