Во Битола се одбележа голем јубилеј, 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во присуство на гости од различни сфери на економскиот и општествениот живот, и високи владини претставници, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија, Крешник Бектеши.

05112022 PVRSM REKBitola 10

Термоелектраната на Рударско-енергетскиот комбинат беше синхронизирана со системот во далечната 1982 година, ноќта меѓу 4 и 5 ноември.

313857639 494032832765638 7693090057085563949 n

РЕК Битола останува темелот на електро-енергетскиот систем на нашата држава, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на свеченоста, кој нагласи дека за жал во изминатите 30 години од страна на сите политички елити пропуштено е времето за стратегиско делување во енергетиката, и од тие причини денес се соочуваме со енергетската криза потпирајќи се на постоечките капацитети, стари по 40 и 50 години.

314550220 684587502876574 2160573903022921594 n

,,Енергетската трансформација на РЕК Битола и преминувањето од производство на електрична енергија од јаглен кон производство на чиста енергија од обновливи извори и од гас, ќе оди постепено и со план, во фази кои ќе дозволат енергетски безбедна и социјално праведна транзиција. Гасната електрана со капацитет од 250 до 400MW и четири фотонапонски електрани од вкупно 280MW кои ќе се градат во кругот на РЕК Битола, ќе треба да ги заменат трите блока од термоелектраната. Во следната една деценија транзицијата треба да биде завршена, производството да биде префрлено на чисти извори, а вработените преквалификувани, обучени и подготвени за оперирање на новите капацитети”-рече Ковачевски.

314395954 1081456912520308 971578519792030493 n

,,Менаџментот на АД ЕСМ и на РЕК Битола во изминатите неколку години вложи дополнителни напори за подобрување на условите за работа во комбинатот. Набавена е нова сопствена современа механизација за ископ со која работат вработените во вредност од 26 милиони евра, во тек е набавка на нова механизација и опрема за уште 14 милиони евра, во  во 2023 година ќе продолжи инвестирањето во опрема и механизација, набавени се нови еко автобуси за превоз на работниците за 1,6 милиони евра, нови возила за превоз низ рудникот, воведен е бесплатен оброк за вработените, во тек е враќање на мензата и топлиот оброк, и уште многу други мерки, затоа што сме свесни за тежината на нивната работа”-рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

313077978 507147264700190 3791765843845627229 n

Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, повика на минута молчење за да им се оддаде почит на работниците кои низ гoдините ги дале своите животи на работното место во РЕК Битола.

,,40 години откако комбинатот започна да произведува домашна, македонска електрична енергија, повторно е исправен пред предизвикот да понесе огромен дел од товарот на енергетската криза во која се наоѓа државата. Иако скоро средовечен и со скоро една деценија повеќе живот отколку што беше проектиран, РЕК Битола мора да продолжи стамено. Затоа, без разлика на дотраените постројки, пумпи или цевки, во првите девет месеци од годинава РЕК Битола го зголеми своето производство за 30 проценти во однос на истиот период лани. Во услови на енергетска криза, РЕК Битола одговори со единственото нешто што од него се очекува – да произведува повеќе домашна струја која достигна вртоглави цени на берзите. Во комбинатот се изведуваат техничко – технолошки операции кои ги нема ниту во книгите. Се интервенира брзо и ефикасно, се санираат дефекти кои се појавуваат на дотраената опрема, се штеди секоја минута со цел – зголемено производство на електрична енергија”-рече Матевски.

313786513 1537508630401578 2486957981967838533 n

Одбележувањето на јубилејот 40 години од производството на РЕК Битола се одржа со манифестација во Центарот за култура во Битола, во присуство на многу гости, а пред настанот премиерот Димитар Ковачевски го посети РЕК Битола.

05112022 PVRSM REKBitola 6
05112022 PVRSM REKBitola 7

    Со ликовна изложба започна одбележувањето 65 години МНД – Битола
    Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна …
    Јачменот хранлива житарка богата со растителни влакна – клуч за добро варење
    Една од најзначајните здравствени придобивки на јачменот е неговата висока содржина на …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…