Водени од идејата за што посвечено и величествено одбележување по повод 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола, Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, чии основачи се Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска во соработка со Државното музичко училиште и КИЦ Битола, на 5 ноември организираше Музички маратон насловен „СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА“.

„Со моќта на музиката, со маратонот – кој е симбол за упорност и издржливост, музичкото училиште кое е еден од брендовите на нашиот град и кое што оваа година одбележува 75 години од своето постоење, и со здружението ПИЈАНО кое постои за Битола и јасно го глорифицира епитетот „Битола, градот на клавирите“, ние сметаме дека во просториите на КИЦ Битола се одржа настан кој долго ќе се памети, а битолчани имаа можност за едно целодневно културно уживање. Овој настан започна во 12 часот со претставување на изведби на млади музички таленти од музичкото училиште, на сите инструменти кои што се изучуваат во училиштето : пијано, виолина,гитара, соло пеење, труба, кларинет, флејта, ударни инструменти, саксофон и.т.н.“, велат организаторите.

Учениците изведуваа дела од различни класични композитори во времетраење од 6 часа и со тоа покажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет. Изведувачите беа поделени во 3 блока на изведби со паузи од половина час помеѓу.

Мудрости на Никола Тесла за животот, моќта на умот и напредокот
Никола Тесла (1856-1943) е еден од најголемите научници на сите времиња, кој …
Луѓето што си одат без збогум
Пишува: Сара Танаскоска Постојат луѓе кои тивко заминуваат, без да кажат збор. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…