Работните акции од пред 4 децении имаа огромно влијание врз младите и нивните обврски кон животот, велат акцијашите кои денеска во Битола се собраа од неколку градови за да одбележат 40 години од сојузната работна акција „Пат на младоста 1982“ во организација на здружението на волонтери – акцијаши „Волонтери – Пелистер“ – Битола.

акција

Во тоа време многу беше лесно да се биде командант зашто секој ја исполнуваше својата обврска, рече тогашниот командант на сојузната работна акција „Пат на младоста 1982“. Вели, на една акција имаше и по 1000 луѓе кои работеа на иградбата на патниот правец Прилеп-Битола-Ресен.

289337571 1155262535053752 7640103608546236444 n

„Секоја година учествуваа по пет до шест бригади во смена, околу 1000 луѓе на една акција со претставници од сите републики во тогашна Југославија. Имаше големо дружење и други вредности кои тогаш се практикуваа за разлика од денеска. Имаше други вредности кои се практикуваа за разлика од денес. Битола од 70-те до половината на 80-те години го има најголемиот економски развој, изграден е РЕК, битолската болница, хиодросистемот Стрежево и патот Ресен – Битола Прилеп, рече Мишко Ѓелевски -командант на сојузната младинска работна акција „Пат на младоста 1982“.

акција 6

Втората работна акција се одржа во 1983 година, третата и последна во 1984 година. Претходно биле работните акции во 1979 година за Стрежево, 1980 година исто така Стрежево, и 1981 година стрежевската. Тие се шест сојузни акции, од кои првата акција била за изградбата на системот Пелагонија.

289622649 5692414227456339 9165814295878685363 n

Работната акција „Пат на младоста 1982“ продолжи после трите години работни акции за изградба на хидростистемот Стрежево, а три години од „Пат на младоста“ работеа на патниот правец Прилеп-Битола-Ресен.

Осаменост меѓу луѓе – тишината што најмногу боли
„Осаменоста не потекнува од немањето на луѓе околу вас. Осаменоста се случува …
На 8 март започнува пријавувањето за женската трка „Биди Своја“ 2026
На 8 Март – Денот на жената, официјално започнува пријавувањето за четвртото …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…