gf naslovna

Синоќа, во препознатливиот амбиент на Голд Фелиција, под мотото „За раѓањето и вечноста“ со уникатен спој на музика, танц и традиција, беше одбележан четвртиот роденден на еден од највпечатливите забавно-уметнички простори во земјава.

Спектаклот беше реализиран како авторско дело на Кабаре Голд Фелиција и продукцијата 77 Entertainment. Композитор на музиката е Димитар Андоновски, додека кореографијата ја потпишуваат Бобан Русески, Симона В. Карадакоски и Илија Карадакоски. За сценскиот изглед и костимите се погрижи Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

На сцената настапија артистите од ансамблот на Голд Фелиција, кои со својата изведба уште еднаш ја потврдија препознатливоста на овој бренд. Вечерта беше збогатена и со гостувањето на Фолклорниот ансамбл КУД „Илинден“, кои внесеа дополнителна енергија и традиционален дух.

Голд Фелиција изминативе четири години стана синоним за квалитетна забава, оригинални кабаре настапи и гостувања на најголемите македонски и балкански музички ѕвезди. Досега се одржани над 320 настани, што сведочи за континуираниот успех и влијание на ова културно-забавно жариште.

Фото: Саше Богоевски

Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
JK Travel
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…