Синоќа во кафе бар Везилка се одржа прилично интересен настан поврзан со музичката сфера. Имено, се проектираше јубилејно издание на емисијата Металманија посветено на 25 годишнината постоењето на оваа емисија, а беше поставена и изложба на истата тема.
„Емисијата посветена на овој јубилеј е навистина вредна да се проследи, голем број македонски музичари зедоа учество со свои изјави и видувања каде што се присетија на почетоците на оваа емисија, но и се заблагодарија затоа што голем дел од тие групи беа презентирани токму во оваа емисија и на тој начин македонскиот аудиториум дозна за нивното музичто творештво, додадоа и тоа колку е значајно да постои една ваква емисија во ова време каде што емисијата е посветена на македонската алтернативна сцена”, изјави Агим Џело за медиумите кој го проследија овој настан и им се заблагодари на сите нив за промоцијата на овој настан.
Проекцијата 25 години Металманиа и изложбата се поддржани од Министерството за култура, а целовечерната забава насловена како Ноќ со Металманиа беше поддржана од Општина Битола во склоп на Бит фест 2024.
Фото: Ивона Кочов