tra la la nas

ТРА ЛА ЛА – Детски музички фестивал што ја освојува Битола и Македонија.

На 6 ноември, Центарот за култура во Битола ќе биде домаќин на 24-тото издание на Детскиот музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“, кој веќе важи за најдобрата детска манифестација во Битола и во Македонија. Ова издание, кое ќе се одржи под мотото „Јас ја сакам Битола“, ќе донесе 16 нови солисти, кои ќе ги исполнат 16 оригинални детски песни, компонирани од легендарниот македонски музичар, Кристијан Габроски.

За најмладите посетители, претставите за градинките и училиштата ќе се одржат во три утрински термини: во 9:30, 11:30 и 13:30 часот. Вечерниот гала концерт, кој го претставува врвот на фестивалот, започнува во 19:30 часот, и на него се очекуваат високи гости и делегации, најави директорот на фестивалот, Тони Алексовски.

24. ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ copy

Секоја песна на фестивалот ќе биде придружена со соодветна кореографија, која ќе ја изведуваат пет балетски групи: Хип хоп студио „Сања Денс Скул“, ТСК „Спортакус“, Студиото за модерни танци „Expose“, танцовиот спортски клуб „Степ АП“ и „Анастасија“ од Битола. Ова ќе додаде уште поголема енергија и атмосфера на сцената.

„Оваа година имаме прекрасен музички материјал и очекуваме сите посетители да уживаат во незаборавниот настан. Влезници може да се набават онлајн на следниот линк или на билетарницата на Центарот за култура секој работен ден од 11 до 20 часот и сабота од 15 до 20 часот,“ изјави Алексовски.

Со химната на фестивалот „Тра ла ла, журка голема, за сите деца и од Бога благословена“, организаторите го повикуваат целото семејство да стане дел од оваа незаборавна детска музичка прослава, и уште еднаш да се покаже дека „ТРА ЛА ЛА“ е навистина расадник на нови и млади музички таленти.

Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…