dimitar bosilkovski nas

Во светот на ракометот, каде што дисциплината, упорноста и страста се неопходни за успех, запознаваме еден млад и талентиран играч кој го следи својот сон да стане дел од македонската репрезентација. Со голема поддршка од семејството, овој млад 17-годишен битолчанец секојдневно вложува напор и љубов кон играта. Правејќи ги своите ракометни почетоци во РК Еурофарм Пелистер од Битола, Димитар моментално игра за екипата на РК „Аеродром“ од Скопје. Прочитајте повеќе за неговото искуство, целите и мотивацијата кои го водат кон врвот.

Читај бе: Кога и како започна твојата љубов кон ракометот?
Димитар: Мојата љубов кон ракометот започна на седумгодишна возраст. Ги гледав македонските ракометари на телевизија и секој натпревар ми будеше желба и јас да станам дел од нешто толку големо. Тогаш знаев дека ракометот ќе биде важен дел од мојот живот.

Читај бе: Кој е твојот најголем мотиватор или инспирација во спортот?
Димитар: Најголемата инспирација ми е Sander Sagosen, норвешкиот репрезентативец. Неговата игра, посветеност и страст на теренот ме мотивираат секој ден.

Читај бе: Кои се твоите најголеми достигнувања досега?
Димитар: Еден од најголемите моменти во мојата досегашна кариера беше дебито за првиот тим на РК Аеродром. Чувството да го облечам дресот и да го претставувам клубот е непроценливо.

dimitar bosilkovski 4
Фото: рк аеродром

Читај бе: Како изгледа еден типичен ден на тренинг за тебе?
Димитар: Секој тренинг ми е можност за напредок. Влегувам со целосна концентрација и секогаш се обидувам да дадам повеќе од претходниот пат.

Читај бе: Дали имаш посебен ритуал пред натпревар?
Димитар: Да, слушам музика и се обидувам да се изолирам од социјалните мрежи. На тој начин ја одржувам фокусираноста и ја чувам енергијата за натпреварот.

Читај бе: Што најмногу ти се допаѓа во тимската игра?
Димитар: Најубавото кај тимската игра е поддршката што ја имаме еден за друг, без разлика дали сме во предност или не. Секогаш сме како едно.

Читај бе: Како се справуваш со притисокот за време на натпреварите?
Димитар: За време на натпреварот се обидувам да бидам фокусиран на играта и да ги заборавам сите негативни мисли или направени грешки. Фокусот е клучен за победа.

dimitar bosilkovski 1
Фото: рк аеродром

Читај бе: Која е твојата најголема цел во кариерата како ракометар?
Димитар: Мојот најголем сон е да станам дел од сениорската репрезентација на Македонија. Тоа е мотивација која ме турка напред секој ден.

Читај бе: Кој совет би им го дал на младите што сакаат да почнат со ракомет?
Димитар: Да пронајдат клуб и тренер кои вистински ќе ги научат основите и ќе им помогнат да се развиваат. Посветеноста е важна, но поддршката и учењето од добар тренер се клучни.

Читај бе: Каква е поддршката што ја добиваш од твоето семејство и пријателите?
Димитар: Семејството и пријателите ми се најголемите поддржувачи. Тие се секогаш до мене и ме бодрат на секој чекор, што ми значи многу.

Читај бе: Како го балансираш училиштето и тренинзите?
Димитар: Учам во спортско училиште, што многу ми помага да ги балансирам обврските и времето меѓу училиштето и тренинзите.

Читај бе: Кој ти е идол во ракометот?
Димитар: Sander Sagosen. Го гледам како пример за тоа како еден играч треба да се посвети на спортот и тимот.

dimitar bosilkovski 2 e1730355785138
Фото: рк аеродром

Читај бе: Што значи за тебе да го носиш дресот на твојот тим, РК Аеродром и која е твојата позиција на теренот?
Димитар: Дресот што го носам е симбол на тимот и на сите кои веруваат во мене. Играм како среден и лев бек и секогаш се трудам да го дадам најдоброто од себе.

Читај бе: Какви совети ти даваат тренерите и како влијаат на твојот развој?
Димитар: Тренерите ми даваат вредни совети кои ми помагаат да се развивам како играч и како личност. Атмосферата во клубот е одлична и тоа многу влијае на хемијата со соиграчите.

Фотографиите се преземени од РК Аеродром

jk zima 1
За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…