Од 14 до 21 Мај во Битола ќе се одржи 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во организација на НУ Центар за култура. 13 монодрами од 11 земји од светот ќе учествуваат на годинешното издание на овој фестивал, кој е еден од ретките фестивали глобално, посветени на оваа театарска форма. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Помеѓу“.

МАЈА АНДОНОВСКА ИЛИЈЕВСКИ

„Интернационалниот фестивал на монодрама оваа година ќе говори гласно со мотото ПОМЕЃУ и по 23-ти пат ќе сведочи силно за едно време во кое актерот создаваше, твореше, креираше додека светот стоеше и тонеше во мрачна реалност…Нашите врати се отворени да ги дочекаат актерите од цел свет, а Битола уште еднаш да докаже дека е лулка на културата, крстосница и патоказ од каде што тргнуваат и се враќаат, каде што се вкрстуваат уметностите…“, изјави Маја Андоновска Илијевски, директор на Центар за култура Битола.

9 ти мај деца 3 min 1

Имало голем интерес за учество на фестивалот, 70 апликации од целиот свет, од кои 11 биле од Хрватска. Како што вели селекторот на фестивалот, Петар Мирчевски, очекува многу квалитетно издание на фестивалот бидејќи има разноликост, жанровски, од повеќе земји, а се надева дека битолската публика ќе ужива во претставите.

P
петар мирчевски

На фестивалот ќе има две македонски претстави, две од Хрватска, и по една од Шпанија, Полска, Ерменија, Израел, Велика Британија, Молдавија, Романија, Бугарија и Азербејџан.

monodrama

Отворањето е во сабота, 14 мај со претставата „Само глас“ на МНТ Скопје, додека затворањето е на 21 мај со претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје.

Билетите се со следни цени •

◾️ отворање и затворање на фестивалот 250ден/билет

◾️ фестивалски претстави 100ден/билет

◾️ за публика која во еден ден сака да проследи 3 престави или купи карти за било кои три фестивалски претстави 50ден/билет

◾️ 50% попуст на билети за фестивалските претстави за ученици, студенти и пензионери

9 ти мај деца 2 min 1

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…