Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, со одобрение од претседателот на Социо-културната комисија при Меѓународната полициска асоцијација, Полихронис Канимас, по втор пат учествуваше на детскиот ликовен конкурс што оваа организација го организира за млади ликовни таленти од своите членови.

Со посебна благодарност од страна на претседателот на ИПА, Мартин Хофман, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше на 5-тиот детски ликовен конкурс, на кој како предложени теми беа: полициски возила, пријателство и животни. Со свои ликовни творби на базичната тема „полициски возила“ учествуваа 25 ученици со 25 цртежи.

„Меѓународната полициска асоцијација е организација за пријателство меѓу припадниците на полициските сили, без разлика дали се вработени или пензионирани, и без разлика на ранг, позиција, пол, раса, јазик или религија. Има над половина милион членови во речиси 100 земји, од кои 65 се поврзани национални секции, а е претставена на шест континенти.Предизвикот со тоа стана уште поинтересен, особено ако се знае фактот дека ИПА е посветена на принципите утврдени во Универзалната декларација за човекови права, усвоена од Обединетите нации во 1948 година, и има консултативен (посебен) статус со Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, како и консултативен статус во УНЕСКО.Побаравме дозвола за учество и за кратко време добивме позитивен одговор. Резултатот е 21 признание – награди за 21 цртеж на нашите млади ликовни таленти, членови на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола“ – изјави Елена Хаџи-Антоновска, претседателка на ДЛС.

Учеството на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на ваков посебен детски ликовен конкурс се совпадна и со 68. Светски конгрес на ИПА, додека претходниот, 67., беше одржан во нашата земја, во Охрид, во периодот од 17 до 22 септември 2024 година, кога сите детски ликовни творби регулирани од Социо-културната комисија на ИПА беа изложени.

„Конкурсот на Социо-културната комисија при ИПА е уникатно искуство и за нашето студио и за нашите ученици. Веќе најавивме и идни соработки на полето на културата преку соодветната комисија на оваа организација.Наградени се следните ученици: Анабела Јовчевска, Андреј Миленковски, Елиф Сулиманоска, Сара Сотироска, Стефанија Димитријовска, Миа Мицевска, Ана Марија Спировска, Бојана Стефановска, Јована Василевска, Луна Петковски, Ивана Влкановска, Сирма Спиркоска, Фросина Полизовска, Анастасија Димитријовска, Томислав Атанасовски, Нина Пешевски, Ана Полизовска, Михаела Гошевска, Мухамед Сулиманоски, Андреа Ресановиќ и Ромина Ресановиќ.Ние сме задоволни од оваа нова соработка со секторот на ИПА, поради што добивме и покана за следното издание на овој настан“ – изјави Славчо Неделковски од ДЛС.
















