andrej 1

Алексеј Ивановски од Битола ги воодушеви сите со својот глас откако излезе снимката од неговата изведба на песната од Калиопи, „Црно и бело“ на Забавно Музичкиот Детски Фестивал ,,МАЛИ АНГЕЛИ“ во Прилеп. Затоа направивме едно кратко интервју со овој млад и надежен музички талент на кого му посакуваме уште многу вакви успешни изведби.

288340709 738781093824415 3846360956077447701 n

Читај бе: Алексеј, најнапред кажи ни нешто повеќе за тебе, колку години имаш, каде учиш…

Алексеј: Имам 10 години, учам во ОУ „Даме Груев“ Битола и во нижо музичко училиште „Тоше Проески“.

Читај бе: Кога ја засака музиката? Кога започна да пееш?

Алексеј: Музиката ја засакав од мали нозе. Од кога научив да зборувам.

Читај бе: Кажи ни нешто за твоето музичко образование...

Алексеј: Завршив музичко 3-то одделение и свирам на гитара.

Читај бе: Раскажи ни нешто за твојот настап во Прилеп, на „Мали Ангели“. Ги воодушеви сите со твојата изведба на „Црно и бело“ од Калиопи. Како ја избра токму оваа песна и какви беа реакциите до тебе после настапот?

Алексеј: Калиопи ми една од омилените пејачи, уживам во нејзината музика и тоа беше пресудно да ја изберам токму „Црно и бело“. Од мојот настап секој беше воодушевен. Настапот на „Мали Ангели“ е мојот прв настап. И голема благодарност до прдоукцијата на „Мали Ангели“ АРТ 10 ПРОДУКЦИЈА.

Читај бе: Каква музика најмногу сакаш да слушаш? Кој ти е омилен пејач, пејачка или пак група?

Алексеј: Најмногу уживам во забавната музика и тоа едни од моите најомилени изведувачи се: Калиопи, Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Тоше Проески…

288145811 612000896576353 7608665982034541477 n

Читај бе: Дали имаш настапувано, пеено на друг фестивал или концерт?

Алексеј: Немам.

Читај бе: Каде се гледаш во иднина, дали би сакал музиката да ти биде професија или хоби?

Алексеј: Мојот најголем сон е токму тоа, да успеам со музиката, да ми биде најголем дел од животот како професија.

Неговите родители му ја даваат целосната поддршка.

– Поддршката ја има целосно од наша страна. Забележавме за неговата музикалност од најрана возраст. Музиката ја имаме во семејството и ја сакаме, но нема професионален пејач, велат неговите родители.

Неговиот настап не остана незабележан и од Калиопи.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…