steps

На својот прв албум за Art Melodies, гитаристот Сашо Поповски го усовршува својот концепт на трио проект изграден на постојани варијации на мелодии, го нагласува звукот, текстурите, интеракцијата и просторот со воведување на колорит и контрастна музичка соработкa со гости музичари. Композициите се организирани околу прекрасно изведени, јасни и привлечни мелодични линии. „Steps“ е мултикултурна музика од седум песни од чисти линии, егзотични мотиви, дефинирани структури и бујна имагинација, во која авторот свесно остава простор за развој и движење назвучните бариери низ различниот карактер на инструментите како и непредвидливиот сензибилитет на музичарите. На овој албум Сашо е придружуван од неговите долгогодишни соработници Иван Бејков и Виктор Филиповски, како и брилијантни музичари кои доаѓаат од дијаметрално различни музички светови и влијанија. Композициите овозможуваат интимност и простор што на сите музичари им дава еднакво музичко присуство.

Амбиентот кој го дава овој албум е различен во секоја композиција од среќен и блескав до бавен и мистичен, од африкански ритам до 6/8 бајковит валцер, изразот е богат и карактеристичен со јасна доминација на различните звучни бои, што е конкретен чекор напред на авторот во однос на неговиот музички вкус и перцепција.

сасо 4

Читај бе: Сашо, кажи ни нешто за твојот нов албум кој ќе излезе на 22 септември…

Сашо: Албумот е снимен на 17 и 18 Јануари 2022г. од Ален Хаџи Стефанов, со кој го направиме и миксот, додека местерот на албумот е работен во студиото Подрумот од двоецот Ален Хаџи Стефанов и Ангел Ќјосев.

Седум композиции кои ги напишав за време на ковид пандемијата и ја прераскажуваат ситуацијата во кој ненадејно се најдовме како уметници, инстантно засегнати, без можност за настапи и турнеи и со толку многу слободно време за себе-истражување.

“Добро е што тој период е веќе зад нас, но делата кои ги создадовме тогаш, ќе останат вечен потсетник дека е доволен само миг за комплетно рушење на комфорот и секојдневието во кое сме твореле…“

Steps е мојот шести албум!

Музиката е компонирана од Сашо Поповски, аранжманот е на Сашо Поповски и Иван Бејков. Сниман е на 17 и 18 јануари 2022 од Ален Хаџи-Стефанов. Микс: Ален Хаџи-Стефанов, Сашо Поповски и Иван Бејков. Мастер: Ален Хаџи-Стефанов, Ангел Ќосев во “The Basement Studio”. Музички продуценти: Иван Бејков, Сашо Поповски, Дизајн и фотографии: Даниел Ѓурчиновски. Издавач: Art Melodies. Благодарсност до Тони Китановски за неговата голема поддршка, на моето семејство и пријателите.

сасо

Читај бе: Издавач е Art Melodies Франција…како дојде до соработката со нив?

Сашо: Материјалот комплетно го завршив (финален мастеринг) Декември 2022, и од тогаш во период од 5 месеци ги разгледував сите опции за издавање на албумот, единствено знаев дека издавачот нема да биде од Македонија и сите опции беа отворени. По контактот со неколку издавачи главно од Европа се одлучив за Art Melodies Франција поради конекцијата со Оливиер Самоуиллан кој е гостин на албумот и издава за Art Melodies.

Читај бе: Насловен е Steps, а дел од него се седум прекрасни мелодии чиј автор си ти. Колку време беа создавани песните, која ти беше инспирацијата?

Сашо: Поголемиот дел од композициите се создавани во периодот 2020/2021 додека втората композиција од албумот Night In The Desert ја напишав 2015 и интересно е дека не се најде на мојот претходен албум Fallen Land 2020, и ако концертно ја изведувам од 2016 со моето трио и во други формации.

Инспирацијата се најчесто случки од секојдневниот живот, настани кои сме ги доживеале, моменти за кои сонуваме и се надеваме дека ќе ни се случат.

Poem For Teo е композиција напишана за мојот син Теодосиј во која доминира балканскиот звук, Windflow е приспивен сонувачки валцер, Lava е експресивно-медитативна пиеса која е не стандардна по форма, звук и ќе побуди нај-различни чувства кај публиката.

сасо 2

Читај бе: Со кои музичари соработуваше за албумот?

Сашо: Моите долгогодишни соработници и членови на трио формацијата: Иван Бејков бас гитара и Виктор Филиповски тапани и перкусии.

Гости музичари на албумот се: Оливиер Самоуиллан (Франција) виола, Васил Хаџиманов (Србија) пијано, Кирил Кузманов флејта и саксофон, Александар Секуловски перкусии и Ратко Даутовски перкусии.

Читај бе: Кога ќе биде промоцијата и каде може да се слуша албумот?

Сашо: Албумот Steps светската премиера ќе ја има на 22 Септември 2023, преку сите дигитални музички платформи, ЛИНК до албумот.

Македонската промоција на албумот ќе биде во месец Ноември во Аудиокултура Скопје каде е планирано покрај слушачкиот дел да има и мини концерт, како и можност за купување на ЦД (Компакт дискови).

На почетокот од следната година го очекуваме и Винил изданието во лимитиран тираж (300 примероци) со што ќе се комплетира целата аудио визуелна слика на албумот.

сасо 3

Читај бе: Кои се твоите очекувања за мелодиите кои се наоѓаат на албумот? Планираш ли промоција во живо?

Сашо: Искрено се надевам дека публиката ќе реагира брзо и ќе си го набави албумот Steps во форматот кој нај повеќе им одговара, па здравје боже да дочекаме и ре-издание на албумот.

За следна година планирани се концертни турнеи во Шпанија, Полска и Франција како и настап на два фестивали во Романија и Србија. Исто така планирана е и промоција на албумот во Македонија (фестивали, клубови и центри за култура) која треба да започне во месец Мај 2024…

Дел од рецензиите за албумот:

« Steps is the most interesting and engaging contemporary jazz album I’ve had the pleasure to preview to date. »
George C. Glasser, Jazz Syndicate Magazine & Promotions
« With Steps Saso confirms his ability to assimilate multicultural techniques and exotic melodies to give new polish and a strong personalization to jazz. »
Mario Ferraioli, Jazz In Family
« This music is at the crossroads of genres, relaxing and mesmerizing at the same time. »
Marek Romański, Jazz Forum
« Prepare to be captivated by this beautiful piece of work, where melancholy and wistfulness intertwine. »
Nenad Georgievski, All About Jazz
« An absolutely likable and masterful album.» – Ljupco Jolevski

www.sasopopovski.com

www.artmelodies.fr

meblo trejd mialnici 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…