poetesi

Поетесите Даниела Андоновска-Трајковска и Весна Мундишевска-Велјановска учествуваа на книжевна вечер и трибина со наслов „Жени, живот, книжевност“ во Смедерево, Република Србија. Авторките се претставија со избор од нивното творештво, додека реномираната српска писателка Билјана Миловановиќ Живак, која беше модератор на вечерта и автор на проектот, прочита преводи на нивната поезија на српски јазик.

viber image 2024 04 05 06 31 37 446

Андоновска-Трајковска и Мундишевска-Велјановска говореа за тематските определби во нивните дела, за ангажираната поезија, за моќта на зборот, како и за нивните искуства како уредници на списанија и организатори на книжевни манифестации. Со прашања и мислења се вклучи и публиката, а се дискутираше и за положбата на писателките во книжевноста и општествениот живот.

Книжевната вечер се одржа во Етно-клубот во Смедерево, а беше организирана во рамки на проектот „Граѓански бран“ на Здружението „Разбивање на тишината“ со поддршка на движењето „Тврдина“ од Смедерево.

viber image 2024 04 05 06 31 38 599
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…