vartolomej i varnava

На 24 јуни, православната црква ги празнува Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во народот познати како Вртолом. Овој ден, според народното верување, го означува моментот кога „сонцето се врти кон зима“ – деновите почнуваат незабележливо да се кратат, а природата го започнува својот премин кон втората половина на годината.

Свети апостол Вартоломеј беше еден од дванаесетте Христови апостоли. По Воскресението на Спасителот, го проповедал Евангелието во Индија и Ерменија, каде претрпел маченичка смрт заради својата вера.

Свети апостол Варнава, пак, беше еден од седумдесеттемина апостоли и придружник на апостол Павле во неговите мисионерски патувања. Родум од Кипар, тој неуморно го ширел Божјото слово меѓу незнабошците, а според преданието, првиот ја проповедал Христовата вера на Кипар, каде што подоцна и маченички пострадал.

Овој ден во народната традиција се смета за пресвртница, кога „сонцето застанува и се врти“, што се поврзува со завршетокот на најдолгите денови и почетокот на нивното скратување. Според обичаите, се верувало дека времето денеска ја предвестува плодноста на летото и есента, па затоа се одбележувал со молитви за бериќет и здравје.

Водокрст, денот пред Богојавление
На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос …
Значење на Богојавленската вода
Богојавленската вода е значајна потврда на православната вера.Богојавленската вода со години останува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…