„Нова страна” е песната со која Виктор Апостоловски настапи на годинешното 37-мо издание на „Макфест“ кој се одржа на 21 и 22 октомври во Штип.

viber image 2022 10 26 22 44 21 315

Песната иако напишана пред повеќе години, конечно ја виде „светлината на денот“ на Макфест. Виктор за Читај бе вели дека песната „Нова страна“ носи позитивна порака.

viber image 2022 10 26 22 44 03 067

„Па мислам дека дефинитивно е крајно време да свртам „Нова страна” после Супермен! 😁 До сега требаше да излезат неколку нови песни, но поради склоп на околности, премногу обврски и едно, фала Богу бериќетно лето, конечно најдов време да извадам нешто ново. Иначе песната е напишана уште 2016/17та година. Прво беше англиска, па беше англиски дует, па потоа беше пак соло, но овој пат македонско/англиско/шпанска верзија, за на крај да направам целосно македонска верзија за Макфест. Потоа ја слушна Дојчин, ја бендиса, па додаде малку магија, потоа тука се приклучија и танцовиот клуб Брејк д флор од Штип за сето тоа на крајот да изгледа како што изгледаше на сцената. Ова ми е втора соработка со Дојчин, а веќе не знам која со Брејк д флор, така што ептен сум задоволен од финалниот продукт. Песната носи потполно позитивна порака, и за да успееме да пренесеме што подалеку, за неколку дена ќе снимиме и позитивно спотче, заедно со децата од Брејк д Флор, но овој пат во Свети Николе! Па здравје, очекувајте ново видео за недела дена!“, вели Виктор.

viber image 2022 10 26 22 44 55 141
meblo trejd cesmi1

    Утринските навики на најдолговечните луѓе на светот кои ние ги игнорираме
    Пет изолирани острови каде луѓето ја доживуваат „стотката“ повеќе отколку во остатокот …
    Вознесение Христово Спасовден
    Православната црква го празнува празникот Вознесение Господово, кај народот познат како Спасовден. …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…