Започнаа работните активности со кои во Градскиот парк, се врши подготовка на теренот за поставување на мултинаменска современа инсталација, насловена како Болдер трибина. Архитектурата на оваа инсталација е концепирана по модерните текови на сите европски метрополи со анимирање на јавните простори. Редовна практика е вакви скулптурални болдери со модерен архитектонски дизајн да се поставуваат во современите забавни паркови, а како референца, во овој случај се земени примерите на Словенија, Австрија, Германија и Данска.

6

Објектот има ширина 3,33 метри, должина 10,80 метри и висина 3,60 метри и е дел од проектот чиј носител е Спортскиот клуб за качување „Вертикал“, а истиот се реализира во соработка со општина Битола, со средства обезбедени од европските фондови.

11

Мотото на проектот е: преку ангажирана забава до спорт и култура, а со тоа да се подигне и јавната свест за потребните содржини на јавните простори, кои ќе овозможат ангажирана забава за децата, со што ќе ги поттикнат на спортски активности.

трибина 3

Болдер трибината е направена да не служи само со една функција – качување. Благодарение на нејзината контрадикторна геометрија, може да се перцепира како скулптурална инсталација во просторот. Едната страна е испрекршена, додека другата е ортогонална. Геометриската страна е наменета како надворешен болдер ѕид за качување на кој има неколку варијации на различни површини со одреден агол и најразлични фатишта. Од другата страна, т. е внатрешаната, се појавува еден мал амфитеатар – трибина, за седење, одмарање, читање, театарска претстава, концерт итн. Овој дел е делумно покриен, т. е на највисоката точка има отвор кој служи како видиковец на околината, но и на луѓето кои ќе се качуваат од другата страна на болдерот. На фронталната страна постои една ниша, која е триаголна во основата, и која е затворена од двете страни со цел да остане само една отворена страна која го врамува погледот на околината и ја изолира истата, идеално за одмор, читање на книга и друго.

трибина

Целта на Болдерот не е да се наметне, туку да се вклопи во контекстот, и да стане препознатливо место за собирање, договарање, концерти, изложби, ангажирана забава за деца, спорт и друго.

„Повеќе студии укажуваат и на важноста од тоа, дека качувањето на карпи, како спортска активност, е од особено значење за децата, бидејќи овозможува добар психо-физички развој кај нив и можност за брзо надминување на одредени фобии (од висина и сл), како и правилен развој на нивната самодоверба и решителност. Понатаму, качувањето овозможува развивање на спортскиот дух, бидејќи дел од тие дечиња, забавувајќи се на активен начин – преку игра, ќе имаат можност да стекнат спортски вештини, патем, да станат членови на спортско качувачки клуб, па и врвни спортисти – амбасадори на нашиот град и држава“, потенцираат од Спортскиот клуб за качување „Вертикал“.

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…